The Lord of the Rings: The CRINGE of Power – Рецензија на чудната адаптација од Amazon

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Ете, се случи. Беше, помина и многу ми е жал што морам да кажам дека ова беше еден од најскапите неуспеси што сум ги видел, неуспех во премногу погледи.

Од каде да почнам да зборувам… Би требало да е доволно само да кажам дека серијава е лоша, но сепак, се работи за серија која инволвира нешто што мене премногу ми значи. Да беше нешто друго во прашање најверојатно ќе го изигнорирав, не велам дека немаше да го гледам, ама сигурно немаше да му придадам олкаво значење и сигурно немаше да напишам кинески ѕид од текст каков што следи подолу. Имајте предвид дека ќе навлезам и во територија на спојлери, па така ако не сакате однапред да дознаете некои работи што се случуваат во серијата ви предлагам да престанете да читате тука, да ја догледате па да се вратите на текстов. Ок, штом веќе тоа го имаме на страна можеме да продолжиме понатаму.

Можеби треба да почнам со она што е очигледно. Серијата иако го има името на Tolkien закачено за себе за жал многу малку допирни точки ја поврзуваат со она што професорот го има напишано во своите книги. Креаторите на шоуто си земаа за право да си напишат нивна приказна, како што и самите велат “Сакаме да ја напишеме приказната која Tolkien никогаш ја нема напишано”, е сега јас ќе си земам за право да им ги изменам зборовите и ќе кажам дека напишале приказна која професорот никогаш не би ја напишал!

На сите им е јасно дека дури и трилогијата која Peter Jackson ја режираше не ги следи сите настани кои се напишани во книгите на професорот, и тоа е сосема во ред, никој, бар никој со здрав разум, нема да помисли дека филм или серија треба да го следи изворниот материјал до последна точка и запирка, секако тоа е невозможно . Меѓутоа, и покрај тоа што дури и таму е ситуацијата таква сепак она што е суштинско во книгите е пренесено и во филмовите. Ако треба да претставам во проценти колку од приказната и суштината на The Lord of the Rings е задржана во трилогијата на Jackson можам слободно да кажам дека солидни 80% се задржани. Дури и The Hobbit филмовите кои не се ни приближно толку добри како што беа The Lord of the Rings, имаат голем процент од приказната и суштината задржано од книгите на кои се базирани. За тие кои не се запознаени, The Hobbit филмовите не ја следи само книгата со исто име, во тие три филма има настани кои се опишани во други книги на Tolkien, како на пример од The Unfinished Tales. Дури и во овој случај можам слободно да кажам дека добри 60%-70% од настаните во книгите се задржани. Сепак, дури и покрај сите овие промени, оние кои ги имаат читано книгите можат да го препознаат светот, карактерите и настаните за кои професорот пишува. За жал ова не е случај и со The Rings of Power! Ако треба повторно да дадам некоја груба процентуална бројка тоа би било едвај 5%, едвај!

Сево ова можеби се должи на фактот дека Amazon Prime ги нема правата за адаптирање на целиот материјал за кој сакаат да направат серија. Да бидам поточен, Amazon Prime имаат права за адаптирање само на додатните текстови кои се наоѓаат на крај на третата книга на трилогијата The Lord of the Rings, The Return of the King, кои во многу мали црти зборуваат за The Second Age од светот Arda. Е сега се поставува прашањето, зошто воопшто се нафатиле да прават серија базирана на одреден материјал за кој и онака немаат права во целост? Да бидеме искрени, додатните текстови се толку мала содржина, нема доволно ни за краток филм, а не па за цела серија од, како што си замислуваат дека ќе има, 5 сезони. Да, да, сигурно ќе догура до 5та сезона, серијава е толку лоша што ако ја преживее втора ќе биде големо чудо.

Е, кога сме веќе кај креаторите на серијава не е ни чудо што е олку лоша. J. D. Payne и Patrick McKay се двајцата виновници кои го држат кормилото на бродот кој оди во пропаст. Еве во што е трикот тука. И двајцата се ученици и соработници на еден друг режисер кој веќе го знаеме по не толку славни продолженија, J. J. Abrams, кој ни е познат по неславните продолженија на Star Trek и комплетното уништување на Star Wars, иако кога станува збор за уништувањето на Star Wars тука највиновен е моронот Rian Johnson, ама ова е тема за некои други времиња. Од она што можевме да прочитаме периодов низ интернационалните медиуми кои се бават со ваква проблематика (geeky stuff really) испаѓа дека среќата воопшто не била на страната на J. D. Payne и Patrick McKay, иако после гледање на серијава се сoмневам дека станува збор за среќа воопшто. Наводно, скоро сите проекти кои биле креирани од овие два “креатори” завршувале неславно и биле одбивани од филмските студија, пак ќе кажам, после серијава очигледно е зошто тоа е така. За да ја добијат работата како креатори на шоуто побарале помош од својот учител, J.J. Abrams, кој го искористил своето влијание и ургирал во Amazon за овие двајца сомови да ја добијат работата. Епа затоа имаме катастрофичен проект кој чинел 715 милиони долари, ова е информација која излезе во Wall Street Journal, даден на двајца неспособни аматери кои не знаат да напишат квалитетна приказна и згора на тоа имаат храброст да кажат дека они ќе ја напишеле книгата што Tolkien не ја напишал… Хаха! Oh the audacity!

Ок, веќе го воспоставивме фактот дека серијата воопшто не го следи изворниот материјал, воопшто! Тој факт сам по себе не би требало да е голем проблем, има случаи каде изворниот материјал не се следи во целост, а сепак продуктот е одличен (тебе те гледам, House of the Dragon -wink-). Земено во целост начинот на кој е напишана серијата е едноставно лош. Ритамот на приказната, то ест приказните кои сака да ги раскаже е ужасен, се случуваат нешта кои се контрадикторни на нешта кои се имаат случено претходно. Дијалогот во серијава е одличен лек против запек, и ако самата серија може да е причина за преплет на црева. Се обидува да звучи Tolkien-ски но за жал се работи за бесмислици и глупости. Морам да признаам дека една од најголемите глупости, а ги има премногу, кои ги нуди серијава во однос на дијалог е, ќе парафразирам “каменот потонува во вода затоа што секогаш гледа надолу, ама бродот плови затоа што има една тајна”, ок, мислам дека имам преплет на црева само што го напишав ова. Добро бре, кој пишува вакви глупости!? Кој, кој, КОЈ!? Кој при здрав памет (моја грешка е што очекувам здрав памет од овие луѓе) мисли дека ваква реченица звучи многу мудро и паметно!? И што е најлошо, кој дозволил ова да го има во серијата!? J. D. Payne и Patrick McKay, ете кој…

Ликовите во серијата исто така многу често се контрадикторни на самите себе, она што го прават и она што подоцна го велат не се совпаѓа. Еве пример, Galadriel (или можеби посоодветно би било да речам Guyladriel), која е еден од главните ликови во серијата (само да нагласам дека Galadriel од книгите и од филмовите на Peter Jackson и оваа Guyladriel, немаат никакви допирни точки освен две, имаат исто име и припаѓаат на elf-ската раса, толку), многу често се однесува како крволочен тиранин, воопшто не ѝ е гајле за доброто на оние кои се под нејзина команда за потоа да проповеда дисциплина кон себе, сочувство и разбирање кон другите. Ќе земам за пример една сцена во која Guyladriel зема заробеник за кој специфично кажува дека ѝ е потребен жив, подоцна додека заробеникот е врзан му се заканува дека ќе му ги убива децата додека тој гледа, за потоа да го убие и него самиот и кога заробеникот (Adar се вика заробеникот, лик измилен специјално за серијава кој комплетно го извитоперува целиот канон за elves) ќе ѝ возврати со неколку зборови кои видно ќе ја вознемират и во сиот бес и гнев таа ќе посегне по неговиот живот, секако ќе биде сопрена од Halbrand (кој е Sauron, тоа беше јасно уште од првиот момент кога се појави, иако креаторите на шоуто се обидоа да внесат “мистерија” за тоа кој е неговиот карактер) кој претходно секако сакаше да го убие Adar, ама беше сопрен од Guyladriel која пак сега сака да го убие Adar ама е сопрена од Halbrand, ахем, Sauron. Каков хаос… И кога сме веќе кај самите ликови, повеќе од јасно е дека воопшто не се претставени така како што Tolkien ги има напишано. За жал и изборот на актери е комплетно промашен, воопшто не се соодветни за своите улоги, особено elves, кои треба да изгледаат вечно млади, не постари од 30-35 години, но во серијава имаме актер od 50+ годишна возраст кој глуми elf (тебе те гледам, Celebrimbor…). Еј, да не се разбереме погрешно, Charles Edwards е одличен актер, само не е соодветен за улога на elf! Ако треба да одберам актери кои добро се вклопуваат во своите улоги тогаш тоа би биле Lloyd Owen како Elendiel и Owain Arthur како Prince Durin IV (кој според канонот не ни треба да е роден во овој период, ама ај…), и толку, другите се утка. Истово важи и за ликовите кои се специјално измислени за серијава. Бледи и досадни ликови кои се контрадикторности со нозе. Кога сме веќе кај контрадикторности со нозе, морам да ги споменам и Hobbits, ахем, извинете за мојот лош француски речник, Harfoots. Писателите се обиделе да нѝ ги претстават како фин и мирољубив народ, ама во суштина се страшни социопати! Цело време пеат песни и изрекуваат слогани во стилот на “Nobody walks alone, no one is left behind”, а во реалност го прават токму спротивното! Радо би ги оставиле оние кои се повредени и се во некаква невоља! Еве пример, еден од ликовите ќе си го извитка глуждот и нема да може да мигрира, а да, во серијава Hobbits, ахем пардон, Harfoots се номадски народ кој никогаш не останува да живее на едно место, постојано се во движење, избегнуваат секаков контакт и се кријат од другите народи од Middle-Earth. Ликот кој ќе си го извитка глуждот и неговата сопруга ќе бидат преплашени затоа што се свесни дека и покрај сите песнички сепак ги оставаат оние кои не можат да продолжат понатаму со другите, да биде трагедијата поголема имаат книга во која ги запишуваат имињата на оние кои останале позади па и згора на тоа и шеги си прават на нивна сметка. Лудаци! Хипокриза и контрадикторност од најголем степен!

Сега би требало да кажам збор два и за акционите сцени, ама што да кажам, дури и тие не се во ред во серијава, кореографијата е ужасна, се изгледа вештачки, нема никаква смисла…

Ако некој си помисли дека ќе добие некое проширено знаење за дел од историјата на Middle-Earth со тоа што ќе ја гледа серијава, веднаш да ви ги кажам лошите вести, не, нема да го добиете тоа. Она што ќе го добиете е приказна со многу лош ритам, настани кои се случуваат без никаква поголема смисла и причина, ликови кои исто така немаат смисла во своите постапки, дијалози и говор од кои може само да добиете нагон за олеснување, еј ете една “добра” точка во серијава (ова е контрадикторност со преплетот на црева, знам знам, намерно го кажувам за да ја доловам фрустрацијата која може да се добие од серијава) , многу лоша глума, и реквизити толку лоши што слободно можам да кажам дека имам видено cosplayers со далеку подобри изработки на реквизити од тие што ги има во серијава. И најлошото од сè, комплетно сквернавење на целосниот канон за кој има пишувано професорот Tolkien, комплетно извитоперување и изменување на битни моменти во историјата на Arda како и факти за народите кои живеат на неа, како на пример што е целата поента со така наречениот Light of the Eldar кој го имаат elves, или на пример како еден dwarf го добива името Durin, или една од така поголемите глупости е објаснувањето како настанал mithril металот. Уште една работа која е доста присутна во серијата се сцени кои се дирекно пресликани од филмовите на Peter Jackson ама се целосно извадени од контекст и немаат никаква друго улога освен да предизвикаат -gasp- реакција кај одредени гледачи, па дури и во тоа не се успешни! Најтрагично е што ако комплетно ги тргнеме сите поврзаности со делата на Tolkien она што останува од серијата повторно е еден лош продукт.

Тажно е што добивме ваков продукт кој чини 715 милиони долари, тие пари во рацете на способни луѓе можеа да нѝ донесат фантастичен производ, достоен на делата на професорот. Е сега, пофалба таму каде што е заслужена. Серијата визуелно изгледа прекрасно, сценографијата и CGI ефектите се мелем за очи, можеби токму таму и имаат отидено голем дел од парите, ама тоа не е доволно за да ја направи серијата добра. А да, и маркетинг, серијава имаше екстремно агресивен маркетин, реклами на сите страни, дури почнав да се плашам дека логото ќе го има на водата кога ја пуштам од казанче да оди низ шоља, ама реално таму и заслужува да оди серијава.

Искрено жал ми е и за актерите, не се тие виновни за лошиот квалитет, нивна работа е да ги одглумат ликовите онака како што ќе им биде кажано, жалното е што серијава ќе им остане како лош белег на нивните кариери.

Ако успеавте да го дочитате текстов до крај, ви благодарам! Ќе беше прекрасно да имавме одлична адаптација на делата на Tolkien кој е еден од најдобрите литературни автори на сите времиња, во форма на тв серија, за жал го добивме ова ѓубре. Tolkien заслужува многу повеќе од ова, приказните за Arda заслужуваат многу повеќе од ова, фановите на неговите дела заслужуваат многу повеќе од ова.

May the Valar damn the show, the show runners and Amazon to oblivion!

Namárië

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

WP Post Author

2 Comments

  • стеф 18 октомври 2022

    Мислам дека не си во право кога станува збор за тоа дека серијава е “срање” иако со ваков збор никаде не го опиша тоа, напротив мислам дека е таква конкретно за тебе кој очигледно си “die hard” фан на Толкиен и знаеш очигледно 99% повеќе од сите нас останати. Кога станува збор за погоре пишаното од аспект на тоа дека House of the Dragon е подобра, мн цврсто можам да кажам дека не е вистина – али и тоа најверојатно е ствар на вкус. Мене лично House of the Dragon ми е што би рекле нашите “веч видено” секоја сцена и нејзиниот outcome од небо се гледа, и малце мислам дека е доста од аспектот инцести и голи сцени за кои после луѓето ќе зборуваат цеело време како да мислиш господ се симнал.

    Сепак мислам дека станува збор за вкус на серии и доколку не си премногу навлезен во LOTR серијата е бомбона и конкретно за мене интригантна и цело време чекав да излезе нова епизода како и сеа што ќе ја чекам новата сезона. Уште еднаш мислам дека не е ни фер да ги споредуваме со House of the Dragon скроз различна политика се, а кога веќе ги спомна уште се трудам да сфатам што толку е добро во серијата.

    • Baze 19 октомври 2022

      “Сепак мислам дека станува збор за вкус на серии” писателот на артиклот ја спомна house of the dragon еднаш во заграда, базразлика на тоа имам многу поголема критика на следниот дел на реченицата. “и доколку не си премногу навлезен во LOTR” тогаш зошто е LOTR серија во општо, оти има предходно изградена публика. Писателот може на ја нарече серијата срање, но јас ќе ја наречам така, серијата е срање, барем поголем дел е срање(сцените со Elrond и Durin се добри). Не сум најголемиот фан на LOTR ги имам гледано само филмовите, не ме одвратија промините кои серијата ги направи како писателот горе, но режисерот и кабинетот на сценаристи на серијата треба да се избркаат. Разговори меѓу карактери се катастрофални, неприродни и секој карактер испаѓа дека е идиот. Сцените со Гандолф се безкорисни, немаат никаква поента(како и тие со сестрата на Исилдор). Карактери телепортираат од една сцена во друга, природни феномени се долги/крати, опасни/неопасни колку што им треба на сценаристите (Бродовите телепортираат до Мордор, Ноќ во ден за 30 сек додека умира црниот хобит и многу други сцени кои го уништуваат континуитетот на серијата). Во кометарот освен тоа што ја напаѓаш House of the Dragon немаш една добра страна за RoP пишано освен тоа што е твој вкус.

      Поздрав.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Втората сезона на Overwatch 2 ќе започне следната недела на 6ти декември! Ажурирањето на сезоната носи нов херој во играта заедно со нова мапа, Battle Pass, празнична козметика и многу повеќе…

Оваа вест доаѓа преку новиот трејлер за 2та сезона на Overwatch 2, објавен денеска, кој можете да го погледнете подолу, заедно со нов блог пост од Blizzard. Во трејлерот, го гледаме новиот херој кој се приклучува на списокот на херои – Ramattra како и новата експорт Shambali мапа која влегува во редовната ротација на играта заедно со досегашните. Исто така го гледаме новиот Mythic скин на Junker Queen достапен во новиот Battle Pass како и поглед на некои од празничните скинови од претстојните празнични настани.

With a new season comes a new map pool. Along with our newest map, Shambali Monastery, players can anticipate the return of a fan-favorite, Rialto, and the most epic place on earth, Blizzard World. We’ll be visiting Oasis and Nepal at different times of the day and rotating out Hollywood and Watchpoint: Gibraltar. As a reminder, all off-rotation maps will continue to be available in custom games.” 

Blizzard

Blizzard вели дека темата на 2-та сезона е грчката митологија, што објаснува зошто митските скинови од Battle Pass е Zeus Junker Queen. Овој скин ќе вклучува нови прилагодувања, модели на оружја, гласовни линии и специјални ефекти. Легендарниот скин на Poseidon Ramattra и Легендарниот скин од Hades Pharah може да се заработи и со квестови.

“These heroes and several others will be imbued with awesome god-like powers in our new Battle for Olympus game mode. This new limited-time event will start on January 5 and last until January 19.”

Blizzard

Blizzard исто така враќа два празнични настани: Winter Wonderland and Lunar New Year. Секој настан оваа сезона, вклучувајќи ја и битката за Олимп, ќе има скин како награда што можете да се заработи со играње и исполнување предизвици. Можете исто така да заработите помали работи од сезона 2 со гледање стримери на Overwatch 2 на Twitch.

Сезона 2, исто така, носи неколку промени во рамнотежата на Overwatch 2. Blizzard вели дека се фокусира на масакрирањето на Sojourn’s Rail Gun на растојание за сезона 2, во обид да ги поттикне играчите да ја „искористат големата мобилност на Sojourn за да го затворат растојанието за повеќе да има уништувања”. Doomfist добива „значајни промени кои подобро ја поддржуваат неговата улога како Tank на тимот, додека сè уште го одржува јадрото на стилот на игра на неговиот идентитет на херој“. Севкупно, Blizzard вели дека може да очекувате прилагодувања за Ana, Bastion, Junker Queen, Kiriko, Mercy и Symmetra кога ажурирањето на сезона 2 ќе биде објавено на 6 декември.