Blizzard наводно работат на StarCraft 3

StarCraft

Откако судијата пресуди во корист на Мајкрософт во борбата против FTC за да го добие договорот за купување на Activision Blizzard, има многу вести и гласини што се вртат насекаде Но… Најверојатно најважната потврда е дека Microsoft постигна договор со Sony да го задржи Call of Duty на конзолите на PlayStation во догледна иднина. Сепак, неодамнешното протекување може да биде уште поинтересно од тоа, барем ако сте љубител на RTS игри од Златното Време на Blizzard. Наводно, Blizzard има нешто поврзано со StarCraft на кое што моментално се работи!!! АЈДЕЕЕ!!!

Протекувањето доаѓа благодарение на Jez Corden од WindowsCentral. Сега, секое протекување треба да се земе во предвид дека не значи дека е реално, но ова бара приближно онолку внимание колку што можете да дадете. Тоа е затоа што протекувањето се случило за време на АМА (Ask me Anything) на Твитер каде што Корден го започнал откако испил малку премногу алкохол… И се верува дека пиел Ж’та ракија. Всушност, твитовите оттогаш се избришани, што значи дека единственото место што ќе ги најдете е на подредитот r/GamingLeaksAndRumors каде што u/SharkyIzrod собрал транскрипт од она што го рекол Корден.

Во основа, некој го прашал Корден дали Xbox ќе има некаков интерес да ја врати StarCraft франшизата, а тој одговори дека Microsoft „нема да има потреба да ја оживее StarCraft“ (читајте внимателно). Некој потоа прашал дали Корден мисли на StarCraft 3 и тој одговори со едноставно „Да“. Неговиот одговор беше ист кога го прашаа дали знае нешто за потенцијалната игра, но не спомна ништо повеќе. Очигледно, има многу малку суштина за да се продолжи, но Корден навистина има пристојно искуство. Како што рече, Корден подоцна се обиде да ги повлече своите тврдења како што можете да видите погоре, иако тој рече дека „франшизата не е мртва“.

Ако ова протекување се покаже како точно, тоа ќе биде првпат да слушаме за серијалот откако StarCraft 2 ја лансираше Nova Covert Ops во 2016 година. Се разбира, фановите чекаа 11 години помеѓу StarCraft: Brood War и StarCraft 2, па затоа ние веројатно имаме уште неколку години пред нешто да излезе. Плус, Blizzard немаше многу среќа со RTS игрите во последно време, чист пример е објавувањето на WarCraft 3: Reforged. Можеби ќе видиме како StarCraft 3 ја води франшизата во друга насока, но невозможно е да се знае додека Blizzard не објави официјално соопштение.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!