Grand Theft Auto 5 се продава многу повеќе по изјавите за следната Игра од Франшизата

Grand Theft Auto 5 продолжува да создава многу пари и да се продава уште толку повеќе и подобро од најавата на Rockstar Games дека во декемри ќе го видиме првиот трејлер за следната игра од франшизата

Компанијата објави дека GTA 5 е продадена во 190 милиони копии од објавувањето во 2013 година. Да направиме една ретроспектива, оваа година во август месец беше објавено дека играта е продадена во 185 милиони копии, и после само 3 месеци се продадени уште 5 милиони копии… Играта е издадена уште во 2013 година и не знае за стоп!

Покрај продажбата на единици, Take-Two вели дека компанијата видела „подобри резултати од очекуваните“ и за GTA 5 и за GTA Online.

Што се однесува до иднината на серијата, Take-Two знае дека инвестицијата во GTA 5 нема да трае вечно, особено со тоа што GTA 6 треба официјално да биде откриена во декември… Односно следната GTA игра, големи се шансите да нема бројка во името или да биде нешто сосема ново.

Студиото во својата презентација изјави дека очекува членството во GTA+ и купувањето на Shark Card да се израмнат.

Развојот на следната GTA продолжува во Rockstar, а Take-Two ги увери инвеститорите за време на неговата заработка повикуваат дека развојот на играта нема да биде попречен од каков било вид SAG-AFTRA штрајк за гласовните актери.

Следниот дел од долгогодишната франшиза се очекува да биде лоциран во ажурирана верзија на Vice City со повеќе локации што ќе бидат додадени подоцна. Исто така, ќе ја има првата жена протагонист на играта.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!