Европската Комисија го одобри купувањето на Activision Blizzard од Microsoft

За многу години нека е!

По долг процес на прегледување, тековното купување на Activision Blizzard од Microsoft денес конечно беше одобрено од Европската комисија! Во последниве месеци, Microsoft почна да наидува на голем број блокади и тешкотии што го направат купувањето на Activision Blizzard да изгледа тешко и невозможно. За среќа на компанијата, еден од најголемите регулаторни ентитети во светот, одлучија да го одобрат договорот што на крајот може да му даде импулс на Microsoft во наредните месеци.

Од денес, Европската комисија, која е регулаторно тело во Европа што ги разгледува набавките од ваков вид, се одлучи да го одобри купувањето на Activision Blizzard според сет на усогласеност. Имено, ова одобрување дојде дури откако Microsoft се согласи на 10-годишен договор кој ги вклучува игри на Activision Blizzard што ќе им овозможи да се емитуваат преку „секоја услуга за Cloud стриминг“ по избор за играчите.

“The European Commission has approved, under the EU Merger Regulation, the proposed acquisition of Activision Blizzard (‘Activision’) by Microsoft. The approval is conditional on full compliance with the commitments offered by Microsoft. The commitments fully address the competition concerns identified by the Commission and represent a significant improvement for cloud gaming as compared to the current situation.”

“The Commission’s in-depth market investigation indicated that Microsoft would not be able to harm rival consoles and rival multi-game subscription services. At the same time, it confirmed that Microsoft could harm competition in the distribution of games via cloud game streaming services and that its position in the market for PC operating systems would be strengthened.”

Официјалната изјава од Европскиот Комитет

Иако купувањето на Activision Blizzard од Microsoft сега е одобрено во ЕУ, има долг пат да се помине пред да се затвори оваа продажба. Во моментов, Microsoft се занимава со тужба од FTC во САД како дел од оваа продажба, додека Управата за конкуренција и пазари (CMA) во Обединетото Кралство избра целосно да го блокира купувањето. Microsoft сè уште бара да возврати на двете од овие точки, но ќе треба да постигне победи и со двете работи ако сака да може да ја заврши оваа аквизиција на Activision Blizzard.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Во последниве денови, една бизарна игра на Steam стана популарна – BANANA. Премисата на оваа игра е дека играчите кликаат на банана додека не заработат нови банани… Тоа е тоа… Да умре човек од кринџ! Но, има огромен пресврт во играта – луѓето периодично заработуваат случајни скинови (или овде може да се каже ‘кори’ од Банани) од различни реткости со кои можат да направат профит, продавајќи ги на Steam Market на други корисници…

Проблемот е во тоа што развивачот препознал дека огромното мнозинство од 700.000 врвни играчи снимени на Banana се ботови. Со оваа игра што користи „помалку од 1%“ од ресурсите на вашиот компјутер, луѓето поставуваат илјадници лажни профили за да ја водат оваа игра базирана на кликање со надеж дека ќе обезбедат и продаваат ретки скинови од банани, чиишто вредности брзо растат.

Од Бананче до Профитче

Во моментов, најскапите скинови (иако сакам да ги кажувам ‘Кори’ во овој случај) од банани што се продаваат на пазарот достигнаа повеќе од 1.000 долари, поради што се вклучуваат корисници со армии на ботови. Во интервју за медиумот Polygon, развивачот на играта призна дека станува збор за „легална грешка со глич за бесконечни пари“, а тимот размислуваше колку време ќе биде потребно пред Valve да се вклучи за да ја уништи играта.

Целата игра е вака:

  • Отворете ја Бананата
  • Кликајте на Бананата
  • Добивајте Дропови/Скинови
  • Тоа е тоа

Во интервјуто, развивачот потврди дека кога бројот на играчи бил 141.000, само една третина од тие играчи биле вистински. Останатите биле ботови. Додека повеќето корисници ги продаваат своите скинови од банани за едноцифрени центи, некои заработиле стотици долари преку играта. Исто така, развивачот го турка аспектот на играта за ангажирање во заедницата, нагласувајќи дека корисниците придонесуваат со своите дизајни, што на неодредено време го зголемува бројот на скинови од банани достапни за отклучување.

На Steam, Banana се рангира повисоко од Dota 2, PUBG, Apex Legends и GTA 5 во однос на вкупниот број на играчи, дури и ако повеќето од тие „играчи“ се ботови управувани од функциите за автоматско кликнување.

КЛИКАЈ

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!