Call of Duty: Modern Warfare 2

Activision Blizzard објави дека Call of Duty: Modern Warfare II е следниот наслов во големата и познатата франшиза!

Иако не е некое големо изненадување од причина што комапнијата пред некое време си кажаа дека овогодинешниот Call of Duty наслов ќе биде продолжение на рестартирањето на Call of Duty Modern Warfare од 2019 година, новиот тизер објавен на Twitter денес го откри не само насловот, туку и логото за ова продолжение. Не е изненадување, али секогаш е убаво кога добиваме вакви новости. Се што е ново е слатко и убаво.

Како што можете да видите, навистина нема многу да се извлече од ова кратко тизерчи. Но сепак тек ќе отркиваме за играта, за сега ова е доволно. Тие што се ловци на тајни пораки и истер-егови овде може ќе успеат да фатат нешто од гласовите кои што се во тизерот. Но сепак овој тизер е само добра припрема за сите големи најави што не чекаат. Како што си пишаа они „Новата ера на Call of Duty доаѓа“, па можеби компанијата верува дека оваа игра ќе ја размрда франшизата на голем начин.

Не би било изненадувачки затоа што рестартирањето на Modern Warfare на Infinity Ward во 2019 година го направи токму тоа за серијалот, особено во нејзиното појавување неколку месеци пред Call of Duty: Warzone. Плус, Modern Warfare од 2019 година многумина сè уште го сметаат за најдобар Call of Duty во последниве години. Многумина, не сите, нормално сите си имаат омилена Call of Duty. Бидејќи Infinity Ward работи на Modern Warfare II, фановите веројатно се возбудени да видат како ќе изгледа ова продолжение. За жал, не може да се каже кога ќе биде следното доживување на играва, кога ќе го видиме следниот тизер или трејлер или било што, но ако е како што Call of Duty открива во изминатите години, може да видиме нешто повеќе за многу брзо време.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Уште од Златната Доба на аркадните игри, Ранглистите за гејмерите се многу битна работа! Целта во играњето на аркадна игра во играчница, не беше само да ја завршиш играта со еден жетон од почеток до крај, туку беше уште побитно твоето име/прекар да биде на прво место кога играта ќе заврши (освен за Cadillacs and Dinosaurs, ја завршив со еден жетон и 2 животи фазла на крај).

И кога никој нема да ја игра аркадата, и гледаш на дното како трепка “Insert Coin“, тебе ти се праве ќеф кога ранглистата ќе се појави со твојто име на прво место…. Гордост заработена со 5 денари и забава, па другарите нека се мачат да те симнат од тронот.

Ранг листа од Ретро Игра

Аркадните ранглисти беа медиум за споредба на постигнувањата на еден гејмер со друг, без разлика дали е гејмерот е машко, женско, првооделенец, матурант, братучед на гости од друг град/село итн. Во тоа време имаше случаеви кога дојде некој братучед-на-некого од друг град/село, праве high score и си заминува оставаќи други смртници да се мачат да го симнат од 1во место.

Некој аркади можеше едноставно ги исклучиш од штек и се се рестартира (ама да не те виде бато/чичо Столе шо продава жетони…оти!)

Сите тие ранглисти еволуираа во Online Leaderboards, и тие моментално даваат подетална споредба на на гејмери во форма на достигнувања, трофеи или беџови. На времето, се знаеше одприлика колку време ќе ти треба и што треба да направиш за да бидеш на прво место на Sunset Riders; сега е мааалку потешко. Како?

Моментално, одредени трофеи бараат време (пари не, бидејќи си ја купил играта). За некој со послободно време (тинејџер, пример) многу побрзо ќе го добие трофејот во споредба со некој со помалку слободно време (Кога децата сакаат да гледат Бејби Шарк на Јутуб, пример). За овие ветераните малку ќе се помачат за Платинум трофеј.

Гејмер кој направил некој успех

Скоро половина од трофеите на некоја игра бараат да ја изиграш играта барем уште 3-4 пати, да фармаш 5-6 саати и да слушаш GG Подкаст во позадина итн. И тука се појавува една желба да ги споредуваш твоите трофејски постигнувања со тие на твоите пријатели. За мене, најубаво е кога се споредуват број на Платинум трофеи и другите соодветни achivements на други конзоли.

Тука не е важно колку време си ја играл играта и дали има поентира во играта, битно е дека си се посветил да ја изиграш играта комплетно, и си ги победил сите предизвици (без разлика дали си направил “повикај пријател“ или не, али за тоа у друга колумн).

Ранг листа од Ретро Игра

Бркање прво место на некој Online Leaderboards не е баш балансирано. Тука веќе родител-гејмер тешко дека ќе котира во спореба со некој ерген или тинејџер со повеќе слободно време. И гејмерите не треба да си ставаат на срце, и да се демотивираат, бидејќи не можат да рипнат погоре на листата. На таквите листи секогаш има некој шо имал можност да посвети повеќе време од тебе за да биде меѓу првите 5. И секогаш има некој што F1 ja игра со волан и педали, а ти со гејмпад, и трката баш и не е фер.

И секогаш ќе има некој што левелирал повисоко бидејќи имал време, ама ти тоа време си бил во кафана со другарите.

За да се сите овци на број, и сите да сме кефни кога се споредуваме, постои опција да се формират приватни групи. Така татковицте нека се договарат меѓу себе после 22 часот од кога ќе заспијат децата, па нека се рангираат меѓу себе колку сакаат, во било која игра; а тинеџерите и ергените нека играат како татковциte на времето – додека не те изгрее сонцето.

Важноста на Пријателите Гејмери

Friends Groups, што се создаваат приватно помеѓу другари од времето на Аркадите, или од времето на студентски денови коа се играше CS насекаде – се борба да се биде “голема риба во мало езерце“.

Тука немаш потреба да се натпреваруваш со некој што има на располагање цела вечер за гејмање, туку се натпреваруваш со колегите од работа, колегите од факултет … и сите меѓусебе знаете кој колку слободно време има за гejмање. А и комуницирате аудио цело време, така да “Бастинг Болс” станува терапија и зајакнување на пријателство.

На тие членови во групите мнооогу поважно и е како рангираат во нивната група во одредена игра, одколку како рангираат на светско ниво. Тоа е исто како на времето кога се знаеше кој ги крше сите на Табла (со зарови) пред зграда цело лето; и кој само прави “хант“ на сите партии … и сите тогашни гејмери (да, и таблашите и ханташите се гејмери) упорно играа за да го симнат Трајче од тронот на “локален таблаш“ шо се прче пред сите.

Пријатели Гејмери

Али колку и се прче некој дека е набољи у Табла, или во денешно време во Group List, сите заедно создаваат една прекрасна средина за социјализирање, со спомени што остануваат “од сад, па наље, и будуче“.

Заклучок

Рангирањето треба да се гледа како поттик да станете подобри во играта, а со тоа во позадина да научете животна лекција како да “буткате напред“. Како треба да се потрудите малку повеќе за да ја постигнете целта.
Да, бидете први на ранглистата, и ќе го имате секое право да кажете дека сте најдобар во таа игра, ама секогаш ќе има некој што ќе ви дише во врат за да ве симне од тронот. И тука имате ситуација кога бројот 1 се обидува да остане на врвот, и гладни гејмери кои го сакаат тоа место.