Red Dead Redemption доаѓа на Nintendo Switch и PlayStation 4

Red Dead Redemption и додатокот за зомби верзијата Undead Nightmare доаѓаат на PlayStation 4 и Nintendo Switch на 17 август, објавија Rockstar.

Вестерн авантурата на Rockstar од 2010 година, која беше лансирана само на PlayStation 3 и Xbox 360, за кратко ќе добие портови на PS4 и Switch од девелоперите од Англија – Double Eleven Studios, со поддржана компатибилност со PlayStation 5, што е прилично предобро.

Портањето на играта не е ремастер или римејк, туку „конверзија“, според Rockstar, и вклучува новоподдржани јазици како што се поедноставен и традиционален кинески, корејски, полски, бразилски португалски, руски и латиноамерикански шпански. Играта ќе чини 49,99 долари на Nintendo Switch eShop и PlayStation Store, а физичките верзии пристигнуваат на 13 октомври. За тоа ќе почекаме малку.

Rockstar за жал не спомнаа дали ќе има верзии за PC или XBOX. Red Dead Redemption е веќе достапна на модерните Xbox конзоли преку бекврдс компатамбилност со оригиналната верзија на Xbox 360. Сепак, недостатокот на верзија за PC, која Rockstar никогаш официјално не ја објави, сигурно ќе предизвика разочарување.

Red Dead Redemption ја претставува ѕвездата на серијата Џон Марстон додека патува низ Дивиот Амерички запад дополнително и Мексико за да ги пронајде последните преостанати членови на озлогласената банда Van der Linde. Настаните од Red Dead Redemption 2 од 2018 година директно водат во приказната за неговиот претходник. За тие што можеби не знаат, Red Dead Redemption 2 е Приквел!

Red Dead Redemption на Nintendo Switch и PS4 го вклучува и Undead Nightmare, експанзијата на приказната во која се гледа дека Марстон се бори да ја преживее хордата на зомбиња.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Извршниот директор на Електроник Артс, Ендрју Вилсон, неодамна откри дека компанијата гледа на имплементација на динамични реклами во AAA игрите. Ова не е ништо ново за Електроник Артс, бидејќи многу од игрите на компанијата имаа реклами од реалниот свет во текот на годините – концепт кој за EA датира околу две децении.

Сепак, она за што зборуваме овде е познато во бизнисот како „DAI (Dynamic Ad Insertion)” Динамичко вметнување реклами. Ова е поинтелигентен начин за пренесување на комерцијални содржини на корисниците врз основа на нивните навики, историја и интереси.

Реклама за Кока Кола во Battlefield…

Во неодамнешниот повик за заработка, извршниот директор на Електроник Артс зборуваше за темата за имплементирање динамично рекламирање во AAA игрите (без да спомене кои игри ќе бидат тие). Тој изјави:

Advertising has an opportunity to be a meaningful driver of growth for us. We have teams internally in the company right now looking at how we do very thoughtful implementations inside of our game experiences.

Изјава од Ендрју Вилсон

Најдолго време, концептот да се прикажуваат реклами во игри е спор за индустријата. Неодамна, играчите беа изненадени од „инвазивните“ реклами на одредени платформи, при што некои одлучија дека ненадејните реклами на цел екран се добра идеја. Вообичаено, рекламите во игрите се ограничени на билборди, постери и можности за пласман на производи, како што се пијалоците Monster Energy што може да се истурат во Death Stranding на Hideo Kojima.

Сепак, во комбинација со интелигенцијата на DAI, корисниците може многу добро да видат насочени реклами што се појавуваат во нивните игри наскоро. Некои го сметаат за природна прогресија на индустријата, бидејќи приходите од реклами сочинуваат неверојатен прилив на приход за многу вертикали, а ова е само уште еден начин на кој издавачите и програмерите би можеле да се потпрат на нив за да обезбедат повеќе слатки долари.