Nintendo Switch го помина PlayStation 4 во продажба во САД

Официјално е: Nintendo Switch сега е четвртата најпродавана конзола на сите времиња во САД! Според податоците од NPD Group, сите продажби на Nintendo Switch ги надминаа оние на PlayStation 4 во месец април.

Конзолата од минатата генерација на Sony веројатно нема да си ја врати позицијата и да продаде повеќе конзоли за да ги стигнат, бидејќи Nintendo неодамна кажаа дека конзолата е во „средината“ на својот животен циклус. Switch, исто така, има корист од силната постава на игри кои што следат – вклучувајќи ги Xenoblade Chronicles 3 во јули и Splatoon 3 во септември – и три различни модели кои се грижат за широк спектар на потрошувачите. Обична, Lite и Oled.

Глобалната продажба на Switch за Lifetime сега достигна 107,65 милиони единици заклучно до 31 март, а Nintendo очекува да продаде 21 милион Switch конзоли во текот на оваа година. Глобалниот недостиг на уреди – за кој Нинтендо верува дека нема да заврши наскоро – ја натера компанијата да ги ревидира своите проценки за продажба, но конзолата сè уште е на дофат да стане трета најпродавана конзола на сите времиња ширум светот!

Ако Switch продолжи со својата динамика, ќе го надмине глобалниот рекорд на продажба на PlayStation 4 и Game Boy во текот на оваа година. Во моментов, најпродаваната конзола на сите времиња е PS2, која има над 155 милиони доживотни продажби низ целиот свет.

Во поврзаните вести од индустријата, Elden Ring сега е најпродаваната премиум игра во САД за последниот 12-месечен период кој заврши во април 2022 година, соборувајќи го Call of Duty: Vanguard од таа позиција. За многу години нека е Древен Прстену!

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.