Capcom Arcade Stadium наскоро добива продолжение

Колекцијата на Capcom Arcade Stadium наскоро би можела да добие продолжение.

Барем така пишува корејската веб-страница за класификација на игри, со новиот наслов „Capcom Arcade 2nd Stadium“ и „Capcom Arcade 2nd Stadium Bundle # 1“. Двата записи имаат опис дека се работи за компјутерска игра која носи голем број на Capcom игри од 80-тите и 90-тите. Но, бидејќи старосната граница овој пат е 15+ години, а не 12+ како во претходната колекција, за очекување е колекцијата да има малку поексплицитни игри во колекцијата. Што, сè уште не е познато.

Првиот Capcom Arcade Stadium излезе минатата година за конзоли и компјутери, така што се очекува дека оваа колекција нема да биде ниту само игра за компјутер. Додуша, оваа колекција се уште не е потврдена, па ќе треба да почекаме Capcom официјално да ја објави и да ги наведе игрите кои ќе се најдат во колекцијата.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Rockstar Games објави трејлер за лансирање на GTA 6, што укажува дека е тоа – конечно сме на патот кон неизбежното објавување на Grand Theft Auto 6.

Grand Theft Auto 6 ќе излезе многу наскоро, по сите одложувања и протекувања, потенцијалното ремек-дело на Rockstar Games нè повикува. Не останува долго, но лансирањето на GTA 6 потенцијално ни дава уште еден последен поглед на играта пред да можеме да ја играме вистински.

Иако технички не е означено како Трејлер 3, мислам дека можеме да го сметаме ова за Трејлер 3, бидејќи Netflix Showcase беше кинематографски ремек-дело сам по себе.

„Трејлерот за лансирање на Grand Theft Auto VI“ не ни кажува премногу што веќе не го знаевме. Но, содржи грабежи на банки, Џејсон и Лусија заедно под туш, полициски потера, змии, луѓе што јадат кофи со пилешко и сè помеѓу.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!