Capcom Arcade Stadium наскоро добива продолжение

Колекцијата на Capcom Arcade Stadium наскоро би можела да добие продолжение.

Барем така пишува корејската веб-страница за класификација на игри, со новиот наслов „Capcom Arcade 2nd Stadium“ и „Capcom Arcade 2nd Stadium Bundle # 1“. Двата записи имаат опис дека се работи за компјутерска игра која носи голем број на Capcom игри од 80-тите и 90-тите. Но, бидејќи старосната граница овој пат е 15+ години, а не 12+ како во претходната колекција, за очекување е колекцијата да има малку поексплицитни игри во колекцијата. Што, сè уште не е познато.

Првиот Capcom Arcade Stadium излезе минатата година за конзоли и компјутери, така што се очекува дека оваа колекција нема да биде ниту само игра за компјутер. Додуша, оваа колекција се уште не е потврдена, па ќе треба да почекаме Capcom официјално да ја објави и да ги наведе игрите кои ќе се најдат во колекцијата.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Grand Theft Auto 6 ќе доминира во 2026 година со долгоочекуваното издание за PlayStation 5, но една друга игра, во голема мера инспирирана од GTA, Marvel’s Spider-Man и Genshin Impact – ќе им биде сериозна конкуренција на Rockstar Games. Се работи за играта Ananta.

Игрите на NetEase на големо се претставија на Gamescom Opening Night Live ова лето со Ananta. Играта, која во суштина е „аниме Grand Theft Auto“, привлекува внимание уште од нејзиното најавување, а сега го добивме и официјалниот датум на издавање, во почетокот на 2027 година.

Трејлерот за датумот на издавање на Ananta започнува со кратко претставување на приказната во играта, која изгледа прилично едноставна. Играчите ќе ја преземат улогата на натприроден истражител задолжен за борба против неколку негативци. Не изгледа дека приказната е особено важна, но глетката на главниот лик како виси од страната на авион среде лет, како да е Том Круз, несомнено е прилично импресивна. Потоа добивме поглед и на поголем дел од гејмплејот, кој ги потврдува споредбите со Grand Theft Auto. Ќе истражувате два огромни града со отворен свет и ќе возите или летате со скутери, автомобили и други пофутуристички возила. Играта ќе вклучува и многу мини-игри и активности во кои ќе можете да уживате надвор од главната приказна.

За да не остане во сенка на издавањето на Grand Theft Auto 6, Ananta нуди многу повеќе од познатите елементи преземени од серијалот на Rockstar. Претходните трејлери покажаа дека NetEase црпи инспирација од речиси секоја ААА-игра што може да се замисли. Тоа ја вклучува и можноста да се нишате низ прекрасните аниме-градови во играта како Spider-Man. Навистина изгледа дека NetEase вложува што е можно повеќе пари во Ananta и се стреми да испорача вистинска игра „за сè“, која ќе понуди по нешто за секој гејмер.

Иако Ananta ќе биде бесплатна за играње, не изгледа дека ќе биде гача-игра како Genshin Impact и Honkai: Star Rail. Ќе има купувања во играта, но тие ќе бидат насочени кон козметички додатоци, возила и други украси, наместо кон отклучување ликови. Во таа смисла, се чини дека Ananta ќе биде социјална RPG-игра, која најмногу ќе се натпреварува со Grand Theft Auto Online.

Ananta ќе биде објавена на 15 јануари 2027 година за PlayStation 5 и Windows PC, како и во мобилни верзии за Android и iOS.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!