Capcom Arcade Stadium наскоро добива продолжение

Колекцијата на Capcom Arcade Stadium наскоро би можела да добие продолжение.

Барем така пишува корејската веб-страница за класификација на игри, со новиот наслов „Capcom Arcade 2nd Stadium“ и „Capcom Arcade 2nd Stadium Bundle # 1“. Двата записи имаат опис дека се работи за компјутерска игра која носи голем број на Capcom игри од 80-тите и 90-тите. Но, бидејќи старосната граница овој пат е 15+ години, а не 12+ како во претходната колекција, за очекување е колекцијата да има малку поексплицитни игри во колекцијата. Што, сè уште не е познато.

Првиот Capcom Arcade Stadium излезе минатата година за конзоли и компјутери, така што се очекува дека оваа колекција нема да биде ниту само игра за компјутер. Додуша, оваа колекција се уште не е потврдена, па ќе треба да почекаме Capcom официјално да ја објави и да ги наведе игрите кои ќе се најдат во колекцијата.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

BioWare официјално објави дека следната игра од серијалот Mass Effect, која беше во рана фаза на развој, е откажана. Најавата доаѓа откако BioWare откри дека ќе ги затвори своите врати, што ќе влијае врз 400 работни места.

BioWare ја откажува играта Mass Effect

Во објава на социјалните мрежи, официјалниот профил на BioWare напиша:

„Повеќе од 30 години, BioWare беше повеќе од студио. Беше дом за раскажувачи, развивачи и играчи кои ги оживеаја нашите светови.

Baldur’s Gate. Neverwinter Nights. Star Wars: Knights of the Old Republic. Dragon Age. Mass Effect. Anthem.

Сега, по повеќе од три децении заеднички авантури, BioWare се затвора, а раниот развој на следниот проект Mass Effect завршува.

Не е лесно да се напишат овие зборови. Нашиот фокус во моментов е на нашиот неверојатно талентиран тим, кој го вложи своето срце во овие игри, како и на меѓусебната поддршка во текот на оваа транзиција.

Она што генерации вработени во BioWare го изградија заедно е нешто што треба да се слави и памети. Овие игри станаа многу повеќе благодарение на вас, кои ги игравте, дискутиравте за вашите избори, се вљубувавте во ликовите и ги направивте овие светови свои.

Од сите нас во BioWare, ви благодариме што бевте најзначајниот дел од нашата приказна.“

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!