Capcom Arcade Stadium наскоро добива продолжение

Колекцијата на Capcom Arcade Stadium наскоро би можела да добие продолжение.

Барем така пишува корејската веб-страница за класификација на игри, со новиот наслов „Capcom Arcade 2nd Stadium“ и „Capcom Arcade 2nd Stadium Bundle # 1“. Двата записи имаат опис дека се работи за компјутерска игра која носи голем број на Capcom игри од 80-тите и 90-тите. Но, бидејќи старосната граница овој пат е 15+ години, а не 12+ како во претходната колекција, за очекување е колекцијата да има малку поексплицитни игри во колекцијата. Што, сè уште не е познато.

Првиот Capcom Arcade Stadium излезе минатата година за конзоли и компјутери, така што се очекува дека оваа колекција нема да биде ниту само игра за компјутер. Додуша, оваа колекција се уште не е потврдена, па ќе треба да почекаме Capcom официјално да ја објави и да ги наведе игрите кои ќе се најдат во колекцијата.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Grand Theft Auto 6 се очекува да биде најголемата игра во серијалот досега, со огромна и современа верзија на Мајами, односно Вис Сити, како што го замислува Rockstar Games. Градот и околните области ќе бидат исполнети со ликови со кои играчите ќе можат да комуницираат, автомобили и други возила што ќе можат да ги крадат, како и локации од различен карактер што ќе можат да ги посетуваат. Се очекува сè да биде поголемо, пореалистично и подетално отколку во претходните игри од серијалот GTA. Затоа, играчите треба да очекуваат дека GTA 6 ќе зафаќа навистина многу простор и навреме да ослободат меморија пред дигиталното издание на играта во ноември.

Благодарение на профилот PlayStation Game Size, сега е познато колку простор ќе треба да ослободат сопствениците на PlayStation 5 за GTA 6.

Според податоците на PlayStation Game Size, Grand Theft Auto 6 ќе зафаќа дури 210 GB при објавувањето. Оваа големина се однесува на стандардното издание на играта за PS5. Засега не е познато дали поскапото Ultimate Edition ќе бара дополнителен простор.

Сè уште нема податоци за големината на инсталацијата на верзиите за Xbox Series X и Xbox Series S.

Колку простор зафаќа GTA 6 во споредба со претходните игри?

Големината на игрите може да се менува со објавувањето закрпи и дополнителни содржини, но постојат податоци за директна споредба. Според PlayStation Game Size, Grand Theft Auto 5 бара 95 GB простор на PlayStation 4 и 100 GB на PlayStation 5. Верзијата Grand Theft Auto 5 Enhanced за Windows, според податоците на Steam, бара 105 GB простор.

Тоа е значително зголемување во споредба со претходните игри од серијалот. Grand Theft Auto 4: The Complete Edition за PC бара само 22 GB простор на Steam.

Првата верзија на Grand Theft Auto за Windows имала многу поскромни барања и зафаќала само 652 MB, според податоците на веб-страница за стари игри што повеќе не се продаваат официјално.

Иако GTA 6 ќе зафаќа многу простор, таа не е најголемата игра во овој поглед. На пример, неодамна објавената Call of Duty: Modern Warfare 4 бара повеќе од 300 GB простор на конзолите Xbox. Серијалот Call of Duty е познат по големите инсталации, делумно поради редовните ажурирања и повеќето различни режими на играње. Пред шест години, Call of Duty: Black Ops Cold War привлече внимание со својата големина од 180 GB.

За среќа, љубителите на GTA ќе имаат доволно време однапред да ја преземат играта. Предвременото преземање на Grand Theft Auto 6 ќе започне на 12 ноември, додека играта ќе биде објавена за PlayStation 5 и Xbox Series X на 19 ноември.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!