Capcom Arcade Stadium наскоро добива продолжение

Колекцијата на Capcom Arcade Stadium наскоро би можела да добие продолжение.

Барем така пишува корејската веб-страница за класификација на игри, со новиот наслов „Capcom Arcade 2nd Stadium“ и „Capcom Arcade 2nd Stadium Bundle # 1“. Двата записи имаат опис дека се работи за компјутерска игра која носи голем број на Capcom игри од 80-тите и 90-тите. Но, бидејќи старосната граница овој пат е 15+ години, а не 12+ како во претходната колекција, за очекување е колекцијата да има малку поексплицитни игри во колекцијата. Што, сè уште не е познато.

Првиот Capcom Arcade Stadium излезе минатата година за конзоли и компјутери, така што се очекува дека оваа колекција нема да биде ниту само игра за компјутер. Додуша, оваа колекција се уште не е потврдена, па ќе треба да почекаме Capcom официјално да ја објави и да ги наведе игрите кои ќе се најдат во колекцијата.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Bethesda денеска официјално потврди дека следната игра од серијалот The Elder Scrolls ќе се вика The Elder Scrolls VI Sentinel. Потврдата беше објавена во видео пократко од 10 минути, со кое се одбележуваат 40 години од постоењето на студиото Bethesda Game Studios.

Поминаа повеќе од осум години откако Bethesda официјално го најави постоењето на шестата игра од серијалот The Elder Scrolls. Шефот на студиото, Тод Хауард, денеска ја објави веста и рече дека ова е „совршениот момент“ играта да го добие своето целосно име. Сепак, Bethesda денеска не сподели дополнителни детали за The Elder Scrolls VI Sentinel.

Минатата недела беше објавено дека Bethesda планира да го објави името на играта во ноември, во периодот кога ќе се навршат 15 години од објавувањето на The Elder Scrolls V: Skyrim. Sentinel ќе биде сместена во Хамерфел, провинција од универзумот на Elder Scrolls, која се појавува во игрите The Elder Scrolls Adventures: Redguard и The Elder Scrolls Online. Sentinel ќе биде првата игра што ќе се занимава со историјата на Elder Scrolls и ќе помогне во откривањето на тајните на овие мистериозни древни артефакти.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!