Sonic Frontiers со Продажба од 3 милиони Копии

Уште во декември 2022 беше објавено дека играта надминала 2,5 милиони копии. Играта е продадена повеќе пати во однос на претходната предводничка игра Sonic – Sonic Forces. Овие бројки се евидентирани до крајот на декември 2022 година, што значи дека ова е главно ажурирана продажба што веројатно ја искористила празничната продажба за време на Божиќ каде играта најверојатно била купувана најмногу како подарок.

Продажбата од Sonic Frontiers, исто така, покажува светла точка за Sega, бидејќи приходите од новите наслови достигнаа огромен скок за компанијата во споредба со претходните неколку години благодарение на објавувањето на играта. Вестите за успехот на играта се секако добредојдени за компанијата. Особено со оглед на тоа што се очекува играта да се смета за „камен-темелник“ за идните титули понатаму. Сепак, тие исто така изјавија дека идните игри нема да бидат сите од отворен свет.

Sonic Frontiers сега е достапенa на PC (преку Steam), Xbox One, Xbox Series X|S, Nintendo Switch, PlayStation 4 и PlayStation 5.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.