Netflix имаат 90 игри во Развој

Netflix се сериозни во врска со нивните игрите кои што сакаат да ги направат и издадат. За да го покажат тоа, компанијата објави ажурирање за тоа што е следно за Netflix Games.

Netflix изјавија дека издале 40 игри во 2023 година, вклучувајќи ја неодамна достапната Grand Theft Auto Trilogy. Компанијата, исто така, дебитираше со своите први две само-развиени игри: Oxenfree II: Lost Signals и Netflix Stories: Love is Blind.

“By year’s end, we’ll have 86 games available —all included with every Netflix membership without ads, in-app purchases or extra fees. And with nearly 90 more games in development, we’re just getting started.”

Изјава од Netflix

Четири игри кои доаѓаат на сервисот во 2024 година ги вклучуваат Game Dev Tycoon, Sonic Mania Plus, FashionVerse и внатрешно издадената Cozy Grove: Camp Spirit. Компанијата не навлезе во детали за тоа какви други видови игри се развиваат од внатрешни студија.

И на крај, Netflix работи на тоа да ги направи игрите достапни од неговата услуга што може да се репродуцираат и на ТВ и на PC. Беше во фаза на тестирање за одредени корисници во Америка, Канада и Англија со повеќе локации и игри кои доаѓаат додека работата продолжува.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!