Играта The Invincible пристигнува во ноември

The Invincible пристигнува овој ноември и фановите едвај чекаат!

Поконкретно, издавачот 11 bit Studios и девелоперите Starward Industries открија дека нејзината претстојна Sci-Fi Mystery игра ќе се појави на PlayStation 5, Xbox Series X/S и PC на 6 ноември. Starward Industries објави нов трејлер кој го истакнува овој датум како и нов гејмплеј од играта, и можете да ја погледнете подолу:

Во „The Invincible“, играчите ја контролираат Yasna, астробиолог во потрага по својата изгубена екипа која мора да најде начин да ги врати сите небитно дали она ќе умре или ќе успее во нејзината мисија. Тие се изгубени некаде на планетата Regis III која што е многу слична на Марс.

“On the surface, it may seem that Regis III is uninhabited but that doesn’t mean the people who visit here can feel like unopposed rulers. The philosophical nature of what happens to Yasna on Regis III will have her forever questioning The scale of humankind’s ambitions.”

Изјава од Starward Industries за медиумите

„The Invincible“ е заснована на истоимениот роман на Станислав Лем, кој ги меша „ретро-футуристичкиот стил и атомпанк дизајнот“ за да создаде стил на спесифична уметност.

МАРКЕТИНГ

Capcom објави соопштение во кое открива дека повеќе од 12 милиони записи биле засегнати од неодамнешен безбедносен инцидент.

Според соопштението на компанијата, неовластено лице добило пристап до одредени кориснички информации поврзани со онлајн сметка за членство. Capcom се извини за предизвиканите непријатности и соопшти дека презела итни мерки за справување со инцидентот.

Протекувањето на податоци во Capcom откри адреси на е-пошта, датуми на раѓање, региони и други информации

Според објавените информации, во рамките на инцидентот биле пристапени податоци од 11.774.247 записи, вклучувајќи адреси на е-пошта и системски идентификатори. Кај 43 сметки биле пристапени и датумите на раѓање, полот, државата или регионот и прекарите на корисниците. Дополнително, кај 196 сметки биле направени неовластени промени на лозинките за најавување на Capcom ID.

Компанијата соопшти дека оригиналните лозинки што ги користеле клиентите не биле пристапени, но биле сменети без овластување. Лозинките на засегнатите сметки веќе биле ресетирани, а корисниците погодени од инцидентот ќе бидат известени. Capcom потврди и дека информациите за платежните картички не биле компромитирани.

Capcom забележала сомнителна активност на 19 октомври и почнала да го блокира пристапот на неовластеното лице, но дотогаш пристапот до податоците веќе бил остварен. Компанијата го активирала планот за итно реагирање и формирала внатрешен тим за справување со инцидентот. Случајот бил пријавен и до јапонските надлежни органи, а Capcom продолжува да ја следи ситуацијата.

На корисниците им се препорачува да бидат внимателни со сомнителни електронски пораки и други пораки, како и да не отвораат линкови или прилози од непознати испраќачи. Компанијата соопшти дека веќе го идентификувала и отстранила начинот на кој бил извршен нападот. Од Capcom додаваат дека инцидентот не влијае врз можноста на играчите да пристапуваат до своите игри и да ги играат.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!