Чарлс Мартинет повеќе нема да го дава гласот на Супер Марио

Nintendo of America откри дека Чарлс Мартинет, долгогодишниот глас на Супер Марио во различните Марио игри на компанијата, се повлекува од улогата и повеќе нема да го дава гласот на карактерот и нема да прави никакви реплики.

Нинтендо го објави ова во твит денес, откривајќи дека Мартинет сега преминува во „сосема нова улога на Марио амбасадор“. Додека тој се повлекува од снимањето за Марио, Нинтендо вели дека Мартинет ќе продолжи да патува низ светот за да се дружи со обожавателите и да ја сподели радоста на ликот.https://twitter.com/NintendoAmerica/status/1693624002982314108?s=20

Мартинет го дава гласот на Марио во главните игри од Super Mario 64 од делечната 1996 година. Тоа е повеќе од 25 години како една од најпопуларните маскоти на сите времиња. Нинтендо изјавија дека подоцна ќе сподели специјална видео порака од креаторот на Марио, Шигеру Мијамото и Мартинет.

За жал не е точно откреино зошто Мартинет стварно си заминува од оваа улога, се шпекулира дека е нешто многу сериозно. Можеби Нинтендо сака да го одведе гласот во друга насока – го ангажираа Крис Прат да го дава гласот на Марио во овогодинешниот масовно успешен филм „Super Mario Bros.”. Можеби Мартинет едноставно сака да се одалечи од ликот, иако тоа изгледа малку веројатно бидејќи тој сега е во нова улога на Марио амбасадор, според Нинтендо.

Како и да е, навистина на сите ќе ни фали тој уникатен глас. Следното појавување на Марио е во Super Mario Bros. Wonder која ќе се појави на Switch овој октомври, но со оглед на денешните вести, сега не е јасно дали Мартинет е гласот на Марио во таа игра.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…