Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Извршниот директор на Games Workshop, Кевин Раунтри, потврди дека Хенри Кавил останува дел од филмскиот универзум Warhammer 40,000, со што се стави крај на сите загрижености за заминување.

Кавил е суперфан на Warhammer и е силно поврзан со претстојните филмски експлоатации на франшизата, иако недостатокот на вести во тој поглед резултираше со загриженост дека актерот од Супермен можеби повеќе нема да биде дел од проектот.

Сепак, нема потреба од загриженост, бидејќи потврдено е постојното учество на Кавил, заедно со откривањето кој ќе го пишува сценариото.

Во финансиски извештај, преку IGN, Раунтри изјави дека Хенри Кавил останува вклучен како што „бил веќе некое време“, иако нема дополнителни детали за тоа што претставува неговото учество.

Дополнително, беше потврдено дека Мајк Фланиган е вклучен и „наскоро треба да премине на сценариото“, што може да даде навестување за жанрот во кој ќе се вклопи кинематографскиот универзум Warhammer.

Фланиган е најпознат по своите дела во жанрот на хорор, како што се „The Haunting of Hill House“, „The Haunting of Bly Manor“ и „Midnight Mass“, додека работи и на претстојната серија на Prime Video „Carrie“ и го напиша првиот нацрт на претстојниот филм на DC Clayface.

Неговата вклученост во „Carrie“ значи дека Фланиган повторно соработува со Amazon за филмот „Warhammer“, иако сè уште може да помине доста време додека не се споделат поконкретни детали.

Конечно, беше потврдено и дека Games Workshop е близу до завршување на епизода за втората сезона од „Secret Level“ на Amazon, по епизодата „Warhammer 40,000“ во првата сезона.

Голема разлика овој пат е што епизодата е сместена во универзумот „Age of Sigmar“, па затоа нема да ги следи авантурите на Титус како што беше случајот со епизодата од првата сезона.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!