Sonic Origins – Ремастер на 4 Sonic игри

SEGA официјално ја сподели очекуваната Sonic Origins колекција на игри која што ќе се состои од 4 стари но целосно ремастерувани Sonic игри. Игри со кои што израснаа неколку генерации кои што сега се стари гејмери. И нормално оваа колекција ќе пристигне на роденденот на Синото Еже – 23ти јуни 2022. Игрите ќе бидат достапни на PC, PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One, Xbox Series X|S и Nintendo Switch.

Колекцијата на Sonic Origins содржи: Sonic the Hedgehog, Sonic 2, Sonic 3 & Knuckles и Sonic CD. Секоја игра е ремастерирана и ќе можете да играте во “Classic” или “Anniversary ” Modes. Classic Mode ќе биде буквално како што ги знаеме, со истата тешкотија и брзина, додека Anniversary се претвора во режим на цел екран и нуди бесконечни животи. Исто така, ќе можете да отклучувате медали со завршување на специјални мисии, кои може да се користат за отклучување на содржината за играње специјални фази.

Можете да направите Pre-Order на Sonic Origins почнувајќи од денес за 40 долари. Дигиталните преднарачки ќе добијат бонус од 100 медали, отклучување на Mirror Mode и Letter Box Mega Drive Pattern. Доколку сакате, можете да го купите Digital Deluxe изданието за 45 долари, кое додава опции за Потешки мисии, Letter Box, Character and Island Camera во главното мени, Character Animation во делот за Music Playback и ексклузивни песни на Mega Drive. Можете исто така да ги купите ексклузивните песни на Mega Drive одделно за 4 долари.

Ова е една од двете Sonic игри за кои знаеме дека се во развој (иако оваа е неколку во една), а другата е Open-World Sonic игра (или како што они го викаат Open-Zone) која беше најавено заедно со Sonic Origins минатата година. И втората игра е закажана некогаш за 2022 година, но треба да почекаме да видиме дали ќе биде оваа или следната година.

Во меѓувреме, филмската адаптација Sonic the Hedgehog 2 сега е во кината, која во голема мера се заснова на игрите во компилацијата Origins – особено Sonic 2 и 3! Можете да ја прочитате нашата рецензија за филмот ТУКА (tap)

МАРКЕТИНГ

About The Author

Штотуку беше објавено дека Саудиска Арабија ќе стане земјата каде што ќе се прават Олимписките Игри во Е-Спорт од 2025 година. Ова значајно откритие доаѓа по 12-годишниот договор потпишан меѓу IOC и Саудиската федерација за Е-Спорти. Во моментов, Светското првенство за е-спорт се одржува во Ријад, но Олимписките игри за еспорти ќе бидат нешто сосема друго.

Ова е резултат на соработката меѓу Томас Бах, претседателот на IOC, и HRH Prince Abdulaziz, министер за спорт во Саудиска Арабија.

Пишување историја

IOC имаа идеја за воведување на е-спорт на Олимписките игри, но зошто да го направите тоа кога можете да создадете сосема нов настан фокусиран на уникатната, дигитална индустрија?

Во изјавата за LinkedIn, Ралф Рајхерт, извршен директор на Фондацијата за Светски куп за еспорти, изјави:

Репрезентациите и гордоста сè уште се недоволно развиени во е-спортот, но сигурен сум дека ова ќе се промени со текот на времето. Ова е голем чекор за спортот, не толку за краткорочното влијание, туку за долгорочната перспектива.

Со оваа огромна зделка ќе се одржат првите олимписки еспортски игри во Саудиска Арабија следната година. Зборувајќи за партнерството, Томас Бах од IOC се осврна на некои клучни грижи во врска со поставувањето: „Со партнерството со саудискиот NOC, ние исто така обезбедивме почитување на олимписките вредности, особено во однос на насловите на играта на програмата, промоција на родовата еднаквост и ангажман со младата публика, која го прифаќа е-спортот“.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!