Во припрема е It Takes Two филм со Dwayne ‘The Rock’ Johnson во главна улога

Во припрема е филмска адаптација на познатата игра It Takes Two која што ќе биде правена од страна на Amazon Studios. Филмот ќе биде креиран од продукцијата Seven Bucks Productions во соработка со dj2 Entertainment

It Takes Two е акционо-авантуристички ко-оп платформер креиран од Hazelight Studios и објавена (паблишувана) од Electronic Arts, која се фокусира на парот Меј и Коди. Филмот ќе го следи парот додека размислуваат за развод, наоѓајќи ги нивните умови пренесени во две кукли кои нивната ќерка Роуз ги направила да ги претставува. Потоа мора да најдат начин да се вратат во нивните тела – потрага што ги води низ најдивото, неочекуваното и најфантастичното патување што може да се замисли. Доколку не сте ја играле It Takes Two до сега, премногу пропуштате!

Играта е една од најомилените игри на критичарите, и со тоа ја освои наградата GOTY на The Game Awards 2021 и на 25-тото годишно D.I.C.E Awards. Филмот It Takes Two произлегува од договорите со Амазон од прв поглед на страната на dj2 и писателите Pat Casey and Josh Miller (Sonic the Hedgehog). The Rock, Dany Garcia и Hiram Garcia ќе бидат продуценти за Seven Bucks, заедно со Dmitri M. Johnson и Dan Jevons за dj2. Stephan Bugaj ќе биде продуцент за dj2, со Josef Fares и Oskar Wolontis преку Hazelight Studios, како и Casey и Miller. Kimberly Bialek ќе го надгледува производството во име на Seven Bucks. Дефинитивно премногу улоги за овој филм што или тера на добро или на нешто чудно!

Casey и Miller се најпознати по пишувањето адаптацијата на SEGA – Sonic the Hedgehog за Paramount, како и Sonic the Hedgehog 2, кој моментално се прикажува во кино салите низ светот. Дуото, исто така, ќе се врати за да го напише Sonic the Hedgehog 3. Нивниот следен проект е R-Rated филм со Дедо Мраз – Violent Night за Universal Pictures, кој во моментов е закажан за 2ри декември.

Seven Bucks Productions застана зад филмови како што се Black Adam и DC League of Super Pets на Warner Bros, Red Notice на Netflix, Disney’s Jungle Cruise, Sony’s Jumanji: Welcome to the Jungle и Jumanji: The Next Level, Universal’s Hobbs and Shaw, Legendary’s Skyscraper и New Line’s Rampage. Компанијата, исто така, произведува серии како што се Young Rock на NBC, Disney+’s Behind the Attraction и Stuntman, HBO’s Ballers, NBC’s The Titan Games и Rock the Troops на Paramount Network.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN