Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

На Gamescom 2026, Gears of War: E-Day претстави нов трејлер. На настанот во Германија беше претставена светската премиера на наративниот трејлер за приквелот на Gears of War.

Трејлерот траеше околу 2 минути и го прикажуваше водачот на Ордата на Скакулците и раното патување на Маркус Феникс и Доминик Сантијаго.

Поминаа 20 години од лансирањето на оригиналниот Gears of War, една од основните франшизи од времето на славењето на XBOX 360.

Вкупно, имаше 10 претходни игри во серијата, од кои половина се главни наслови на Gears.

Оваа игра е сместена 14 години пред првиот наслов и се одвива на Денот на појавата, кога Ордата на скакулците се појави на површината на Сера за да води војна против човештвото, следејќи ги Маркус Феникс и Доминик Сантијаго.

Оваа година, XBOX ја слави својата 25-годишнина. Тие се исто така во средината на големо ресетирање.

Како дел од тоа ресетирање, тие го реструктуираат својот пристап кон ексклузивните наслови, а новото издание на Gears of War е ексклузивно за XBOX конзолата. Играта треба да излезе на 6 октомври и ќе биде објавена и на PC.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!