Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

На 26 август, ќе се отвори гласањето за Gamescom Awards 2026, релативно мал, но настан воден од заедницата, кој доделува награди на некои од најпознатите игри поврзани со Gamescom.

Најчесто, станува збор за игри кои се претставени, играни или можеби откриени за време на Gamescom.

Овогодинешниот список на номинации за Gamescom Awards е преполн со врвни наслови, но играта со најмногу номинации дури и нема да излезе потенцијално за уште шест месеци.

Станува збор за Metro 2039, долгоочекуваната постапокалиптична шутерска игра од 4A Games.

Metro 2039 има пет номинации на наградите Gamescom, победувајќи ги сите конкуренти во однос на обемот на награди. Номинирана е за:

  • Најдобра PC игра
  • Најдобра PlayStation игра
  • Најдобра XBOX игра
  • Најепска игра
  • Најдобри визуелни елементи

Ова е главно базирано на досегашното прикажување на играта. Во последните неколку месеци се појавија неколку импресивни трејлери, а вечервашното претставување на Opening Night Live ќе ни даде еден од најзаводливите погледи што сме ги имале во играта досега.

Закажана за лансирање во февруари 2027 година, Metro 2039 ги враќа играчите во влажното, опседнато подземје во повоена Москва. Играта има нов протагонист, озвучен за прв пат, и е напојувана од најновата и најостра верзија на 4A Engine што некогаш сме ја виделе.

Исто така, се очекува да биде најтемното и најстрашното искуство со Metro досега. Ако сте обожавател на франшизата, ќе знаете дека тоа не е лесен подвиг, но тимот на 4A Games е убеден дека е подготвен за задачата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!