Batman е мртов! Во Gotham Knights…

Креаторите на Gotham Knights официјално кажаа дека Batman е мртов! Потврдата ја направија на нивниот панел на San Diego Comic-Con.

Некои фанови се сомневаа дека играта – во која играте како помошниците/децата на Batman – Robin, Red Hood, Nightwing и Batgirl по очигледната смрт на Мрачниот витез. Многумина мислеа дека ќе ја извртат некако приказната за Batman да може да се врати, но очигледно или они лажат, или Batman навистина е RIP.

Обожавателите кои се надеваат дека ќе го видат Бетмен ќе го видат за време на воведната секвенца на играта, рече Patrick Redding – Креативниот Директор на играта, каде што се среќава со неговата (очигледно трајна) смрт. После тоа, останува на неговиот квартет од помошници да продолжат да го спасуваат денот. На друго место во панелот, Рединг исто така потврди дека во играта нема да го видиме едниот и единсвтвениот… Џокер…

Што се однесува до Riddler, Рединг рече дека ќе има „точно еден“ прашалник на Riddler… Што значи нема шанси да го најдете.

Gotham Knights треба да излезе на 25 октомври за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X/S, по неодамнешното откажување на неговите верзии PS4 и Xbox One. Канонски е одделен од серијата Arkham, иако е развиен од студиото Batman Arkham Origins Warner Bros Montreal.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.