Batman е мртов! Во Gotham Knights…

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Креаторите на Gotham Knights официјално кажаа дека Batman е мртов! Потврдата ја направија на нивниот панел на San Diego Comic-Con.

Некои фанови се сомневаа дека играта – во која играте како помошниците/децата на Batman – Robin, Red Hood, Nightwing и Batgirl по очигледната смрт на Мрачниот витез. Многумина мислеа дека ќе ја извртат некако приказната за Batman да може да се врати, но очигледно или они лажат, или Batman навистина е RIP.

Обожавателите кои се надеваат дека ќе го видат Бетмен ќе го видат за време на воведната секвенца на играта, рече Patrick Redding – Креативниот Директор на играта, каде што се среќава со неговата (очигледно трајна) смрт. После тоа, останува на неговиот квартет од помошници да продолжат да го спасуваат денот. На друго место во панелот, Рединг исто така потврди дека во играта нема да го видиме едниот и единсвтвениот… Џокер…

Што се однесува до Riddler, Рединг рече дека ќе има „точно еден“ прашалник на Riddler… Што значи нема шанси да го најдете.

Gotham Knights треба да излезе на 25 октомври за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X/S, по неодамнешното откажување на неговите верзии PS4 и Xbox One. Канонски е одделен од серијата Arkham, иако е развиен од студиото Batman Arkham Origins Warner Bros Montreal.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

WP Post Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

PlayStation претстави нов трејлер пред објавувањето на God of War Ragnarök.

Овој трејлер, насловен Myths of Midgard, нуди кратко резиме на епот на God of War од 2018 година. Во него глуми Felicia Day, додека таа ја раскажува досегашната приказна за Кратос и Атреус. Во текот на прераскажувањето, кое изобилува со навистина прекрасни уметнички дела, има и мали „изненадувања“ од Мимир што го знае сето тоа.

Има и нов блог за PlayStation кој ја детализира приказната, иако се разбира сето тоа завршува пред да започне Рагнарок. God of War Ragnarök треба да излезе во среда, 9-ти ноември и за PlayStation 4 и PS5.

Пред ова издание, Sony ги детализираше различните изданија што играчите ќе можат да ги добијат. Ова го вклучува и Jotnar Edition, чија цена е 230 долари. За ова, ќе добиете многу фенси физички предмети и дигитален код за играта – но без диск. Како што, за жал, стана норма, сепак, веќе го искористуваат ентузијазмот на обожавателите за серијата God of War, со ограничено издание на верзии на God of War Ragnarök кои се појавуваат на сајтови како што е eBay за повеќе од двојно повисока цена од малопродажбата.