Фестивалот на Јапонската Култура “Нихон-Џи” оваа година во “Мала Станица” на 27ми мај

Неонските Бранови доаѓаат во Скопје

Дали сте загреани за уште една година помината со фестивал каде што Јапонија и Јапонската Култура доаѓа директно во Скопје?! За прв пат, минатата година, домашната публика од сите генерации беше раздвижена од дебитното издание на еден поинаков фестивал, налик на светските субкултурни конференции. Младите ентузијасти и љубителите на Јапонија и целата таа источна култура, Јапан@мк во 2022 година го направија фестивалот “Нихон-Џи” кој што помина фантастично со преку 2.000 посетители, но дефинитивно не сакаа да запрат таму. После успешниот фестивал Јапан@мк не запреа, продолжеија со организирање на голем број работилници и мали настани повразни со нивната тематика. Пред само некое време официјално го најавија и продолжението на Нихон-Џи, и оваа година фестивалот има тематика “Неонски Бранови”.

За „Нихон-џи 2.0 – Неонски бранови“, неформалната организација на јапан@мк подготви уште побогата програма, овојпат, фокусирајќи се на мноштвото контрадикции кои ги содржи јапонската култура, а кои сепак симбиотично и беспрекорно функционираат заедно креирајќи одличен рецепт за успех. Токму поради тоа, и ова издание ќе биде исполнето со содржини за сите вкусови на публиката. 

Публиката ќе има можност да проследи презентации и работилници поврзани со традиционални и поп-култура и панели на сериозни општествени и филозофски теми, и технологија. Присутните ќе уживаат во забавни дебати предводени од членови на дебатниот клуб МОФ и квизови организирани од волонтерите на фестивалот за аниме љубителите. Особено атрактивен е и гејминг делот во чии рамки ќе се одржат два турнира, катче за друштвени игри и бројни други изненадувања.

Програмата на Нихон-џи 2.0 ќе биде дополнително збогатена со читање на хаику поезија на македонски хаику поети и музички настапи во живо на Елена Христова, музичкиот состав Maribosi и DJ сет на Andrea Hz. Публиката ќе ужива во презентација на модни креации на познати современи македонски дизајнери и студенти на Факултутетот за мода и дизајн инспирирани од јапонска мода и традиционална облека.

Две простории во Мала Станица ќе бидат облагородени и со две уметнички изложби, од кои во едната ќе бидат претставени дела од реномирани македонски уметници, а другата ќе прикаже дела на младите креативци кои се пријавија на отворениот повик. Посетителите ќе имаат прилика да си понесат и нешто со себе од продажниот дел на фестивалот каде ќе бидат изложени изработки, книги, манга, облека инспирирани од јапонска култура. Уште едно специфично искуство на фестивалот е приликата да се дегустираат различна јапонска храна и пијалоци.

Минатогодишното еднодневно фестивалско издание на Нихон-џи се одржа во “Јавна Соба“, привлече околу 2.000 посетители од сите возрасти и вклучи речиси 150 учесници кои ја воодушевија публиката со бројни работилници, изложби, панел дискусии, поезија, презентации, проекции, концертни изведби, гејминг турнири и богата продажна секција на производи инспирирани од јапонската култура. 

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN