Огромен PlayStation Showcase најавен за 24ти Мај 2023

За прв пат од 2021 година, Sony денес официјално јас сподели датата на следниот PlayStation Showcase една недела од денес. Секој Showcase се најавува буквално ден-два порано од кога ќе се случи но овој настан се најавува една недела порано. Причина за тоа е бидејќи овој PlayStation Showcase протече во јавноста дека ќе биде меѓу најголемите и ќе се случува на 25ти мај, но сега имаме официјана дата и време. Сега, тие гласини се покажаа како вистинити бидејќи Sony сега ќе ја одржи својата најголема презентација во речиси две години за да детализира што има во иднина.

Споделено на блогот на PlayStation денес, следниот PlayStation Showcase ќе се одржи една недела од денес, во среда, 24 март во 22:00 часот (CET.) Се вели дека презентацијата ќе трае вкупно повеќе од еден час и конкретно ќе ги нагласи игрите што доаѓаат на PlayStation 5 и PlayStation VR2. Sony сè уште нема именувани конкретни игри што ќе бидат истакнати, но има неколку претходно најавени игри од PlayStation Studios кои најверојатно ќе се појават.

“Expect a glimpse at several new creations from PlayStation Studios, as well as spellbinding games from our third-party partners and indie creators”

Sony

Како што споменавме, PlayStation претходно најави неколку игри од First Party кои речиси сигурно ќе бидат прикажани за време на овој настан. Marvel’s Spider-Man 2 е убедливо најзабележителниот наслов кој сигурно ќе се појави, особено затоа што е планирано да се појави пред крајот на 2023 година (Се очекува во Септември). Naughty Dog, исто така, веќе подолго време кажуваат дека ќе претстават повеќе инфорамции за своите Multiplayer игри поставени во светот на The Last of Us во одреден момент оваа година. Иако и двете од овие игри навистина се покажат, звучи како PlayStation да има многу други големи изненадувања што ќе ги ослободи наскоро.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!