Играта Redfall за малку ќе била PS5 Ексклузива

Девелоперите од Arkane Studios потврдија дека верзијата за PlayStation 5 на нивната претстојна игра – Redfall, била уште во почетокот во развој за таа конзола како ексклузива Во моментов, Bethesda треба да ја објави Redfall само на платформите Xbox Series X, Xbox Series S и PC. Сепак, пред Bethesda целосно пред да беа купени од страна на Microsoft во 2021 година, се вели дека Arkane работеле на PS5 итерација на Redfall што сега очигледно нема да се случи никогаш. Односно не е ни очигледно толку, реалност е.

Во разговор со за IGN France, директорот на Arkane, Harvey Smith, отворено изјави дека Redfall во еден момент ќе излезе за PS5. Smith изјави дека по купувањето од Microsoft на Bethesda стана официјално, луѓето во Xbox им кажале на Arcane дека треба да ја укинат верзијата PS5 веднаш! Наместо тоа, и не е изненадувачки, фокусот потоа се префрли на поддршка на сопствените платформи на Xbox, покрај Xbox Game Pass.

“We were acquired by Microsoft and it was a change with capital C. They came in and said, ‘No PlayStation 5, we’re focusing on Xbox, PC, and Game Pass.'”

Изјава од Harvey Smith за укинување на верзијата

Сè на сè, оваа вест од Smith не е изненадувачка и е нешто што секој друг производител на конзоли би го направил доколку ги купил Arkane. Сепак, овие коментари доаѓаат во лошо време за Microsoft, особено кога тој продолжува да се справува со различни глобални регулаторни одбори кои го враќаат своето потенцијално купување на Activision Blizzard. Дали овие нови цитати од Smith ќе се користат против Microsoft од страна на Sony или други, сè уште не е познато, но се чини веројатно дека повисоките компании во Xbox сигурно не се воодушевени да ги видат овие изјави кои се појавуваат.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!