Todd Howard е разочаран бидејќи ја најавиле The Elder Scrolls VI

Додека следната RPG игра на Bethesda е Starfield, и излегува за многу кратко, многу фанови ја чекаат The Elder Scrolls VI, нивната најголема франшиза која што ја поседуваат.

Најавена уште во 2018 година на еден од последните саеми за електронска забава E3 кој што се случи во живо т.е. отворен за посетители, The Elder Scrolls VI беше чудно откриена заедно со Starfield. На прашањето дали ја најавил играта премногу рано, директорот на играта на Bethesda Game Studios, Todd Howard, даде замислен одговор за магазинот GQ.

“I have asked myself that a lot I don’t know. I probably would’ve announced it more casually.”

Изјава од Todd Howard за GQ Magazine

Многу товар се става на Starfield периодов, иако може да се каже истото за The Elder Scrolls VI, продолжението на круната на Bethesda – Skyrim, што дури и самиот Todd се шегува дека продолжува да се продава премногу добро… И е тотално во право

Не се знае многу за The Elder Scrolls VI освен дека ќе биде ексклузива за PC и XBOX платформите, меѓу другите шеги од самиот Тод дека обожавателите ќе играат „со децении“. Ништо чудно и да е во право, тоа го гледаме благодарение на Skyrim.

Последнио тизер е особено вистинита имајќи предвид дека најраното што го очекуваме The Elder Scrolls VI е веројатно најрано од 2026 до 2028 година, близу две децении од објавувањето на Skyrim. Фановите сè уште купуваат и играат Skyrim во мноштво до ден-денес. ДВЕ ДЕКАДИ ЛУЃЕ! Свесни сте дека има деца родени во 2011 година кои што додека излезе The Elder Scrolls VI можно е да бидат полнолетни…

Todd Howard е директор на играта на сите наслови на Elder Scrolls уште од The Elder Scrolls III: Morrowind, и тој нема да се пензионира наскоро… На друго место во интервјуто, Todd Howard се спореди себеси со легендата на Нинтендо, Шигеру Мијамото, кој сè уште дизајнира и произведува игри во своите 70-ти години.

МАРКЕТИНГ

Во јули, Microsoft најави „ресетирање“ на Xbox, еуфемизам за повеќе од 3.000 отпуштања што планира да ги спроведе во Xbox во периодот од јули 2026 до 2027 година. Отпуштањата вклучуваа и неколку студија кои беа принудени да станат независни, но судбината на другите не беше јасна. На 16 јули, Microsoft го известил раководството на Arkane Studios, студиото зад Dishonored и Marvel’s Blade, дека има намера да го затвори. Но, бидејќи Arkane е со седиште во Лион, Франција, Xbox мора да ги почитува француските закони за работни односи и затоа не можел веднаш да го затвори студиото.

Наместо тоа, Microsoft и Arkane започнале тримесечен период на консултации, во кој Microsoft имал обврска да најде купувач за Arkane, додека истовремено се консултирал и преговарал за план за заштита на работните места на засегнатите вработени. Според нов извештај на францускиот медиум Le Monde, Arkane има рок до 13 ноември да најде купувач.

Во јули, Microsoft најави „ресетирање“ на Xbox, еуфемизам за повеќе од 3.000 отпуштања што планира да ги спроведе во Xbox во периодот од јули 2026 до 2027 година. Отпуштањата вклучуваа и неколку студија кои беа принудени да станат независни, но судбината на другите не беше јасна. На 16 јули, Microsoft го известил раководството на Arkane Studios, студиото зад Dishonored и Marvel’s Blade, дека има намера да го затвори. Но, бидејќи Arkane е со седиште во Лион, Франција, Xbox мора да ги почитува француските закони за работни односи и затоа не можел веднаш да го затвори студиото.

Наместо тоа, Microsoft и Arkane започнале тримесечен период на консултации, во кој Microsoft имал обврска да најде купувач за Arkane, додека истовремено се консултирал и преговарал за план за заштита на работните места на засегнатите вработени. Според нов извештај на францускиот медиум Le Monde, Arkane има рок до 13 ноември да најде купувач.

„Преговорите за планот за отпуштања одат лошо“, изјавил за Le Monde претставник на синдикатот Printemps Écologique (Еколошка пролет), именуван како Симон во извештајот.

Заедно со Францускиот синдикат на работниците во видеоигри (STJV), синдикатите се обидуваат да го продолжат рокот за преговорите за планот за отпуштања и за пронаоѓање купувач. „Се разгледуваат неколку форми на преземање“, изјавил синдикалниот претставник Симон.

Иднината на Arkane

Претставник на синдикатот Printemps Écologique сака преговорите да вклучат мерки што ќе „овозможат повторно вработување“ на работниците што ќе добијат отказ. „Планот за отпуштања мора да биде приспособен на пазарот на видеоигри, каде што моментално можностите за повторно вработување се исклучително ограничени“, изјавил тој.

„Како може ова да се оправда кога годишниот нето-профит на Microsoft се мери со стотици милијарди долари?“, праша Францускиот синдикат на работниците во видеоигри. Симон изјавил: „Ние сме колатерални жртви на промената на стратегијата на Xbox“. Според него, следната игра на Arkane, Marvel’s Blade, е „при крај на продукцијата“.

Marvel’s Blade беше најавена пред речиси три години на The Game Awards 2023. Оттогаш Arkane не открива многу за играта, а таа интерно беше одложена до крајот на 2027 година. Со оглед на тоа што Arkane би можело наскоро да се затвори, постои можност играта никогаш да не биде објавена.

Синдикатите што се борат за Arkane не ја исклучиле можноста да го тужат Microsoft, оспорувајќи ја економската оправданост на неговата намера да го затвори студиото. „Ова е во целосна спротивност со она што со години ни беше кажувано на Советот на работниците за финансиската состојба на компанијата“, изјавил синдикалниот претставник Симон. „Microsoft се обидува да се ослободи од Arkane иако студиото работи добро, со цел да заштеди пари и да ја подобри профитабилноста на своите краткорочни инвестиции.“

Arkane сè уште може да биде спасено

Иднината на Arkane е неизвесна, но можеби сè уште има светлина на крајот од тунелот, бидејќи постои надеж дека студиото нема да биде затворено. „Моето разбирање е дека активно се разгледуваат повеќе можности за спасување на Arkane Lyon“, напиша во петокот новинарот на Bloomberg, Џејсон Шрајер. „За време на преговорите сè може да се случи, но во овој момент би бил изненаден ако студиото биде затворено.“

Ако рокот од 13 ноември помине без Microsoft и Arkane да најдат нов купувач, можно е студиото да биде затворено. Сепак, други студија што претходно беа во сопственост на Microsoft успеаја повторно да станат независни, како Compulsion Games, студиото зад South of Midnight, па можно е тоа да е една од „повеќето можности“ на кои алудираше Шрајер. Станувањето независно сепак може да значи отпуштања во Arkane; Double Fine отпушти околу дваесетина вработени откако ја обезбеди својата независност.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!