Todd Howard е разочаран бидејќи ја најавиле The Elder Scrolls VI

Додека следната RPG игра на Bethesda е Starfield, и излегува за многу кратко, многу фанови ја чекаат The Elder Scrolls VI, нивната најголема франшиза која што ја поседуваат.

Најавена уште во 2018 година на еден од последните саеми за електронска забава E3 кој што се случи во живо т.е. отворен за посетители, The Elder Scrolls VI беше чудно откриена заедно со Starfield. На прашањето дали ја најавил играта премногу рано, директорот на играта на Bethesda Game Studios, Todd Howard, даде замислен одговор за магазинот GQ.

“I have asked myself that a lot I don’t know. I probably would’ve announced it more casually.”

Изјава од Todd Howard за GQ Magazine

Многу товар се става на Starfield периодов, иако може да се каже истото за The Elder Scrolls VI, продолжението на круната на Bethesda – Skyrim, што дури и самиот Todd се шегува дека продолжува да се продава премногу добро… И е тотално во право

Не се знае многу за The Elder Scrolls VI освен дека ќе биде ексклузива за PC и XBOX платформите, меѓу другите шеги од самиот Тод дека обожавателите ќе играат „со децении“. Ништо чудно и да е во право, тоа го гледаме благодарение на Skyrim.

Последнио тизер е особено вистинита имајќи предвид дека најраното што го очекуваме The Elder Scrolls VI е веројатно најрано од 2026 до 2028 година, близу две децении од објавувањето на Skyrim. Фановите сè уште купуваат и играат Skyrim во мноштво до ден-денес. ДВЕ ДЕКАДИ ЛУЃЕ! Свесни сте дека има деца родени во 2011 година кои што додека излезе The Elder Scrolls VI можно е да бидат полнолетни…

Todd Howard е директор на играта на сите наслови на Elder Scrolls уште од The Elder Scrolls III: Morrowind, и тој нема да се пензионира наскоро… На друго место во интервјуто, Todd Howard се спореди себеси со легендата на Нинтендо, Шигеру Мијамото, кој сè уште дизајнира и произведува игри во своите 70-ти години.

МАРКЕТИНГ

Следната мини-сезона во Fortnite започнува за една недела. Досегашните кратки тизери јасно навестуваа дека темата на претстојната сезона ќе биде спој на аниме и пирати, со главен акцент на потрагата по богатство. Тоа беше сè што знаевме. Epic Games конечно реши да ја тргне завесата и да открие што подготвува за мини-сезоната, а најавата е токму она што фановите го очекуваа.

Сезоната 4 од Chapter 7 во Fortnite завршува на 1 ноември. Потоа ќе следува период на недостапност на играта, за да се подготви лансирањето на мини-сезоната, која би требало да трае околу еден месец пред да започне сосема ново поглавје. Во изминатите неколку дена, Epic Games ја користеше социјалните мрежи за да ја подигне возбудата пред 24 октомври, ветувајќи големо откритие во 14 часот по источноамериканско време. Заедницата со нетрпение очекуваше нови информации за следната мини-сезона, бидејќи гласините укажуваа на голема соработка со One Piece. Кога станува збор за соработките во Fortnite, One Piece е меѓу најбараните, па слободно може да се каже дека фановите би биле разочарани доколку претстојната пиратска сезона не вклучува барем неколку скинови од серијалот.

Неколку часа пред откривањето, Fortnite го објави името на новата сезона во краток тизер: Treasure Hunters. Слика од вестите во играта откри повеќе детали, прикажувајќи логоа на неколку пиратски екипажи, меѓу кои Peely, A$AP Rocky, Hatsune Miku, Kasane Teto и Lil Uzi Vert. Играчите немаа многу време да откријат кому му припаѓаат останатите логоа, бидејќи пристигна големата најава: One Piece навистина доаѓа во Fortnite во следната сезона.

Во тизерот се појавува Going Merry, првиот брод на Пиратите од Сламената Шапка, кој излегува од маглата и го открива она што фановите го очекуваа во изминатите неколку недели. Тизерот потврдува и дека Fortnite соработува со анимето One Piece, а не со серијата на Netflix, бидејќи фигурата на предниот дел од бродот прикажана во анимето малку се разликува. Ова беше очекувано со оглед на тоа што во претходните тизери се појавија неколку ликови во аниме-стил.

Фановите сега можат да здивнат, бидејќи наскоро конечно ќе добијат пристап до соработката што ја очекуваат со години. Fortnite Treasure Hunters започнува во недела, на 1 ноември, по периодот на недостапност на играта. Гејмерите имаат уште неколку дена да го завршат тековниот Battle Pass и да се подготват за оваа возбудлива нова сезона.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!