Todd Howard е разочаран бидејќи ја најавиле The Elder Scrolls VI

Додека следната RPG игра на Bethesda е Starfield, и излегува за многу кратко, многу фанови ја чекаат The Elder Scrolls VI, нивната најголема франшиза која што ја поседуваат.

Најавена уште во 2018 година на еден од последните саеми за електронска забава E3 кој што се случи во живо т.е. отворен за посетители, The Elder Scrolls VI беше чудно откриена заедно со Starfield. На прашањето дали ја најавил играта премногу рано, директорот на играта на Bethesda Game Studios, Todd Howard, даде замислен одговор за магазинот GQ.

“I have asked myself that a lot I don’t know. I probably would’ve announced it more casually.”

Изјава од Todd Howard за GQ Magazine

Многу товар се става на Starfield периодов, иако може да се каже истото за The Elder Scrolls VI, продолжението на круната на Bethesda – Skyrim, што дури и самиот Todd се шегува дека продолжува да се продава премногу добро… И е тотално во право

Не се знае многу за The Elder Scrolls VI освен дека ќе биде ексклузива за PC и XBOX платформите, меѓу другите шеги од самиот Тод дека обожавателите ќе играат „со децении“. Ништо чудно и да е во право, тоа го гледаме благодарение на Skyrim.

Последнио тизер е особено вистинита имајќи предвид дека најраното што го очекуваме The Elder Scrolls VI е веројатно најрано од 2026 до 2028 година, близу две децении од објавувањето на Skyrim. Фановите сè уште купуваат и играат Skyrim во мноштво до ден-денес. ДВЕ ДЕКАДИ ЛУЃЕ! Свесни сте дека има деца родени во 2011 година кои што додека излезе The Elder Scrolls VI можно е да бидат полнолетни…

Todd Howard е директор на играта на сите наслови на Elder Scrolls уште од The Elder Scrolls III: Morrowind, и тој нема да се пензионира наскоро… На друго место во интервјуто, Todd Howard се спореди себеси со легендата на Нинтендо, Шигеру Мијамото, кој сè уште дизајнира и произведува игри во своите 70-ти години.

МАРКЕТИНГ

„The Blood of Dawnwalker“ е АА наслов, со буџет од 40 милиони долари од NetEase за негов развој. Еден од најистакнатите наслови за овој месец досега (уште многу други доаѓаат) и за 2026 година е најновата акциона РПГ игра на „Rebel Wolves“, The Blood of Dawnwalker. Во првата недела, играта се продаде во над 1 милион примероци и доби одлични критики од критичарите и публиката. Сега, откриено е дека не се вложени многу пари во овој проект.

Неодамнешен извештај на Блумберг открива детали за буџетот за развој на „The Blood of Dawnwalker“. Конрад Томашкевич, режисерот на оваа нова РПГ игра со вампирска тематика, ја осмислил идејата во 2022 година и составил тим за да создаде прототип за да привлече инвестиции. Томашкевич првично ја финансирал, но до крајот на 2022 година, проектот го привлече вниманието на NetEase, кој на крајот стекнал 26% удел во студиото и обезбедил буџет за развој од 40 милиони долари.

Целата следна година била посветена на регрутирање персонал, а до крајот на 2023 година започнало производството на „Крвта на возечката со зора“. Тимот првично требало да биде ограничен на 90 вработени, но на крајот се зголемил на 160. Томашкевич изјавува: „Одлучивме дека големината на тимот што го имаме во моментов е најсоодветна за нашите потреби. Сè уште ми овозможува да ги запознаам сите. Можам да разговарам со сите секој ден. Сè уште се чувствувам како креатор, а не како менаџер, што е местото каде што сакам да бидам.“

Развојот напредуваше со објавувањето и маркетингот на играта од страна на Bandai Namco, а единствената преостаната пречка беше датумот на објавување. Тимот одлучи да се одлучи за пооптоварен прозорец во септември, наместо да го принудува тимот да работи прекувремено за да ја објави во јуни. Rebel Wolves исто така беа сигурни дека не сакаат да ги променат темелите на играта, па ги задржаа исти како во играта, што помогна во исполнувањето на временските рокови. Томашкевич заклучи, наведувајќи: „На крајот, добивме навистина добра продукција без многу големи проблеми“.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!