Dune: Spice Wars доаѓа на Xbox Series X/S кон крајот на Ноември

По објавата на PC пред два месеци од издавачите на Funcom и развојното студио Shiro Games, високо пофалената 4X стратешка игра Dune: Spice Wars доаѓа и на конзолите XBOX Series X|S кон крајот на месец ноември.

Навистина сметаме дека е излишно да се опише Dune, бидејќи сите знаат дека знаат за епското дело на Френк Херберт. Ако сте еден од оние кои никогаш не слушнале за Dune, можеме само да кажеме дека ми е жал и препорачувам да го поправите тоа што е можно поскоро. Кратко кажано, најдоброто Sci-Fi искуство што можете да го добиете! Сите Sci-Fi работи што мислите дека се добри, се инспирирани од Dune, и се полоши.

Dune: Spice Wars ве става во улога на една од неколкуте фракции кои се борат за превласт на планетата Аракис и секако контрола над ископувањето на „спајс“ како врвен ресурс во универзумот. Ве очекуваат средби со популарните црви на песочната планета, како и разни начини како да ги избегнете за да го заштитите „спајс“ и своите војници. Spice Wars во својот состав ќе има легендарни ликови како војводата Лето Атреидес и баронот Владимир Харконен со кои ќе тргнеме во битка и ќе владееме со Аракис.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN