Marvel’s Spider-Man 2 Рецензија – Ништо повеќе од само Нова Приказна

Сите ние коишто порано бевме Нрдови и Гикови бевме буквално заебавани од сите останати, но денес да си Гик или Нрд си многу поголем фраер од што било. Многу ми е драго што овие работи навистина се променија во светот бидејќи нашите херои од детството како на пример Spider-Man денес е мејнстрим и фаца! Поради таа причина овие херои денес прават многу пари во буквално секоја уметност како филм, игри, стрип итн.. Благодарение на тоа во 2018 година фаците од Insomniac Games ја издадоа играта “Marvel’s Spider-Man” којашто уште одма беше мега хит и премногу луѓе ја купија играта и нормално уживаа во неа. Еден од тие луѓе нормално бев и јас до степен што ја купив и за PS4 а после и за PC, и на двете платформи имам Platinum трофиј и сте Ачивменти на Steam. Во буквална смисла уживанција бидејќи играв со мојот омилен карактер и се беше толку направено до перфекција.

Поради успехот којшто го имаше играта, Insomniac Games после само 2 години ја издадоа нивната втора Spider-Man игра, но овој пат беше поврзана на младиот и новиот Spider-Man – Miles Morales. За жал многу помала игра и многу се чувствуваше како да играм некоја добра експанзија само од првата игра, само разликата е друг карактер… Топ приказна, иако кратка, сепак пак уживав до степен бидејќи е Spider-Man, најјак си… фаца си… Плус Miles Morales си што за мене е многу поголем фраер! Критикувајте ме колку сакате, ама Peter Parker е многу глуп карактер за разлика од Miles… Да бидеме искрено луѓе, Spider-Man отсекогаш имале фраерски и добри игри што онака правеле одлични успеси! Ако ги рангираме сите игри на врвот мора да ја ставиме Marvel’s Spider-Man од 2018, потоа следната игра што засекогаш ќе ја викам Експанзија и после се останато. Никогаш не смеат да се заборават игрите како Ultimate, Web of Shadows, Shattered Dimensions и се натака да не ги именуваме сите. Spider-Man во игри, секогаш врв!

Надоле во целава рецензија ќе видите елементи и делови каде што ќе правам компарација на претходните две игри со оваа игра. Причина за тоа е што овој пат оваа игра се чувствува како да е експанзија на двете игри заедно… Јас бев премногу хајпант и спремен за играње на играва и тоа сите го знаат! Да, уживав… Но се разочарав бидејќи целата игра ми беше “Ништо повеќе од Нова Приказна“. Сите коишто одма ве нервира насловот треба да ја прочитате целата рецензија за да не паничите и да сфатите што се случува. Во рецензијата НЕМА никакви СПОЈЛЕРИ за приказната и се останато, тоа сами ќе си го доживеете!

Приказната е супер! Единственото ново и уникатно нешто!

Карактерот Peter Parker или неговото алтер его „Spider-Man“ постои повеќе од 60 години. Со прво појавување во „Amazing Fantasy #15 (1962)“ до денес навистина го тресе светот со прекрасни приказни во стрипот, огромни продажби, херој на многу генерации на млади и стари и сè останато. Со приказни како The Night Gwen Stacy Died, Kraven’s Last Hunt, If This Be My Destiny, Spider-Man No More, може да кажеме дека Spider-Man ги има најдобрите приказни каде што онака крв има исплукано да може сè уште да стои на нозе. Стриповите ќе ги ставиме на страна, тука сме да збориме за игрите. Има голем број на игри со карактерот и можеби сите имаат супер приказна во нив. Но апсолутно најдобрата приказна од Spider-Man во игрите ја има во „Marvel’s Spider-Man (2018)“ каде што онака најмногу се поврзавме со карактерот за кој е, што прави со живото и зошто е херојот во тој дел од светот!

Во таа игра буквално се ставивме во патиките на Peter Parker каде што со него го доживувавме неговиот ден и живот од степен одење на работа со Doctor Octavious, работа со волонтирање во центарот за бездомници, борба со криминалот, приватен/љубовен живот и буквално сè останато до степен борба со најлошата група „Sinister-Six“. Приказната во таа игра беше толку убаво напишана до степен што секој карактер си ги доби своите пет минути, од протагонист до антагонист. Знаеме дека во игрите секогаш го играме протагонистот и не добиваме многу време да се запознаеме со антагонистите. Во таа игра некако толку беше точно под конец онака направено секој да си добие свое време. Карактерите како Rhino, Volture, Electro и сè останато, сите си добија и приказна и после онака последна битка. Можеби приказната не беше да се рокнеме од земја, односно не беше да не се лажеме, но сепак беше толку „лајт“ што не ни даваше момент да се почувствуваме бескорисно и да ни е досадно. Да не мора да ги делам Marvel’s Spider-Man и Miles Morales цело време, ако се збори за една, знајте дека се збори за двете игри наеднаш. Кога мора да ги поделам ќе биде кажано дека се дели. Овде од аспект на приказната го кажувам за двете игри заедно. Во двете игри приказната е на исто ниво, ни во едната ни во другата не е подобро или полошо дејството.

Во Marvel’s Spider-Man 2 морам да кажам дека тоа што приказната е направена и раскажана на истиот начин и во ист контекст е премногу пропуштено! Доколку уживавте во претходните игри ќе уживате и овде, но сепак зошто и после 5 години да го добијам истиот начин на раскажување каде што треба да се раскаже нешто многу по длабоко?! На толку промоции со Kraven, Venom, Sandman и сите останати, да го добиеме истиот начин на раскажување беше многу досадно … Не се потрудиле ниту малку да сменат нешто. Повторно е истото, сите го мразат Spider-Man, сите сакаат да го контролираат криминалот во градот, на почеток може да му ја искршат главата на карактерот па он после да се навежба и да дојде да се истепа … Буквално 60 години го читаме истото во приказните и стриповите, зошто сега нема приказна којашто ќе нè фати и ќе нè рокне од земја!? Добра е, ќе ја осетите на важа кожа, ама ќе бидете разочарани ако имате големи очекувања … Како што имав јас.

Приказната ви дава исто одредено време да играте и како Паркер и како Мајлс, немате чувство дека на едниот му е дадено повеќе дадено внимание. Не можете да ја поминете целата игра со едниот, што е многу логично ама и многу тажно во исто време. Криво ми е зошто не може да се заврши со еден од причина што ќе ја спомнам во делот подоле од причина што иако Spider-Man ми е омилен, јас многу повеќе сакав сега да идам како Miles Morales него како Peter Parker и играта не ми дозволуваше цело време да играм со едниот. Дали може да се направи само со еден да се помине? ДА! Дали се потрудиле за тоа? Ниту малку … Многу се осетив глупаво и досадно кога играв со Peter Parker од причина што стварно не ме интересираше он како лик во играва и неговата приказна, не знам зошто играта не ми дозволи само да направам еден обичен SKIP на тоа и самата игра да го заврши тоа за мене …

Дополнително се враќаат деловите со Mary Jane Watson и за мене лично се многу подобро од првата игра. Премногу играчи беа разочарани од кога играа како MJ и колку беше сè бавно и досадно, но сега во оваа игра ја направиле MJ да е онака хероина буквално! Во првата игра ми беше многу досадно пошто и самата она знае дека ако ја фатат ќе ја скршат, ќе ја силуваат и сè останато, ама сега, не можат да ја допрат од колку напраеднала како карактер. Некако се чувствувам сега ако направат некој рандом спин-оф со MJ, тоа би го играл дефинитивно! Нема да биде многу популарно, ама зошто да не?

Сите ние коишто порано бевме Нрдови и Гикови бевме буквално заебавани од сите останати, но денес да си Гик или Нрд си многу поголем фраер од што било. Многу ми е драго што овие работи навистина се променија во светот бидејќи нашите херои од детството како на пример Spider-Man денес е мејнстрим и фаца! Поради таа причина овие херои денес прават многу пари во буквално секоја уметност како филм, игри, стрип итн. Благодарение на тоа во 2018 година фаците од Insomniac Games ја издадоа играта „Marvel’s Spider-Man“ којашто уште одма беше мега хит и премногу луѓе ја купија играта и нормално уживаа во неа. Еден од тие луѓе нормално бев и јас до степен што ја купив и за PS4 а после и за PC, и на двете платформи имам Platinum трофиј и сте Ачивменти на Steam. Во буквална смисла уживанција бидејќи играв со мојот омилен карактер и се беше толку направено до перфекција.

Поради успехот којшто го имаше играта, Insomniac Games после само 2 години ја издадоа нивната втора Spider-Man игра, но овој пат беше поврзана на младиот и новиот Spider-Man – Miles Morales. За жал многу помала игра и многу се чувствуваше како да играм некоја добра експанзија само од првата игра, само разликата е друг карактер … Топ приказна, иако кратка, сепак пак уживав до степен бидејќи е Spider-Man, најјак си … фаца си … Плус Miles Morales си што за мене е многу поголем фраер! Критикувајте ме колку сакате, ама Peter Parker е многу глуп карактер за разлика од Miles … Да бидеме искрено луѓе, Spider-Man отсекогаш имале фраерски и добри игри што онака правеле одлични успеси! Ако ги рангираме сите игри на врвот мора да ја ставиме Marvel’s Spider-Man од 2018, потоа следната игра што засекогаш ќе ја викам Експанзија и после сè останато. Никогаш не смеат да се заборават игрите како Ultimate, Web of Shadows, Shattered Dimensions и се натака да не ги именуваме сите. Spider-Man во игри, секогаш врв!

Надоле во целава рецензија ќе видите елементи и делови каде што ќе правам компарација на претходните две игри со оваа игра. Причина за тоа е што овој пат оваа игра се чувствува како да е експанзија на двете игри заедно … Јас бев премногу хајпант и спремен за играње на играа и тоа сите го знаат! Да, уживав … Но се разочарав бидејќи целата игра ми беше „Ништо повеќе од Нова Приказна“. Сите коишто одма ве нервира насловот треба да ја прочитате целата рецензија за да не паничите и да сфатите што се случува. Во рецензијата НЕМА никакви СПОЈЛЕРИ за приказната и сè останато, тоа сами ќе си го доживеете!

Најголемата Грешка – Мрзливоста за правење Уникатност

Морам одма да почнам со негативната страна кај гејмплејот. Погоре напишав дека играта не ти дава да ја поминеш играта само со едниот карактер. Повторно ќе кажам дека мене ми беше досадно кога играв со Паркер, и сакав цело време да играм како Мајлс бидејќи како карактер ми е поголем фраер. Мајлс во текот на целата приказна има подобро раскажување од Паркер. Повеќе се поврзуваме со неговата приказна и тешкотијата што ја има во овој период на живеење! Во премногу краток период губи родител и најдобар пријател, и треба да си спасител на град? Па дали знаете колку тоа влијае на менталното здравје? Затоа поврзаноста што ја имав со Мајлс сега ми беше голема бидејќи онака сакам да сум карактер што се бори со тие работи, а не дечко што веќе долго време е Spider-Man и паметот ми го зашеметува Црна Материја којашто ми се лепи на телото.

На доста моменти во играта можеме да ги видиме Питер и Мајлс како играат и работат заедно, посебно во деловите кога има борба со главните непријатели (босовите). Но сепак има моменти кога само со едниот карактер мора да ја завршиме таа приказна додека другиот Спајдер-Мен на пример си се шета низ градот и се бори со криминалот во градот. Е сега доаѓаме до главното … Ми пречи тоа што морам да ги доживувам приказните и борбите на едниот Спајдер-Мен додека сакам да играм повеќе со другиот. Веднаш може да кажете дека „но така мора да биде бидејќи се протагонисти“. Во ред, да, но зошто не ми даваш можност едноставно да го игнорирам тоа што се случува со Питер и да играм само со Мајлс или обратно? Не сакам да играм со Питер и да одам да се борам против Sandman самостојно. Сакам да играм само со Мајлс и доколку треба да му помогнам тогаш да дојдам …

Е тука сега доаѓа најголемата грешка што играта е направена и зошто дадов таков тежок наслов. НЕМА CO-OP! Живееме во ера каде што сепак ако добиваме нешто ново сакаме да имаме стварно нешто ново и да има нови уникатни работи за играње. Од самите почетоци знаевме дека нема да има CO-OP и сите бевме разочарани од тоа, но при играње дознав колку значи тоа. Правиме нова игра којашто треба да е уникатна и да се продава на нови играчи? Зошто ја даваш тогаш истата игра на старите играчи? Каде е уникатноста којашто цело време светот ја бара? Или сакаат да го продаваат истото цело време додека има кој да ја купува …

Многу е идиотски фактот што Insomniac Games го промовираат сегментот промена на карактер како да е нешто уникатно и до сега никогаш не видено … Пред точно 10 години GTA V го направи тоа на конзолите PS3 и XBOX 360. Insomniac го промовира ова како да е нешто што само на PS5 може да се види. Но таму можеше да играш со секој карактер колку сакаш и до каде можеш, па тек после кога стварно ќе му снема активности на карактерот да се смениш и да играш со другиот. Овде приказната сама те тера да се менуваш кога треба и кога ќе му дојде на другиот ред. И тоа е многу глупо бидејќи се работи за Open-World игри каде што светот е секогаш жив и во двете. Разликата е што во Spider-Man 2 ти ако сакаш да просперираш понатака едноставно мораш да се свртиш и играш со другиот. Во GTA V на пример можеш да тераш и многу да тераш напред пред да се смениш и да изиграш со другиот карактер.

Да се вратам во аспектот на CO-OP бидејќи тоа многу ми пречи и ми е слаба страна зошто во оваа игра го нема. Insomniac Games да се потруделе малку повеќе, да не брзаат со вадење на игра да направат пари, можеле да потрошат уште година дена да направат Уникатна игра. Според мене CO-OP делот можеле да го направат на два начина и ќе бил многу уникатен бидејќи ќе работи скрос како што треба. Да се потруделе малку ќе истражеле како работи играта „Dragon’s Dogma“ и можеле комотно да им ја украдат идејата! Се да започне со тоа што вие да си одберете со кого сакате да играте и потоа вашиот другар да одбере да игра со другиот Spider-Man. Двајцата истовремено да правите што сакате во светот, или во вашиот град бидејќи сега има два града за играње. Но сега кога едниот од вас не може да игра се вклучува AI којшто е истрениран како вие или вашиот другар играле и ќе го прави тоа што сте го правеле при играње. Тоа беше најголмета уникатност на играта Dragon’s Dogma! Не можете да најдете некој што сака да игра со вас? Зошто не можеле да направат целосно уникатен карактер контролиран од AI којшто ќе просперира во исто време како што просперирате и вие. Кога ќе сакате промена, да се променува и AI-от. Со ова се навраќам на фактот играње само со едниот Spider-Man! Само замислете колку ќе беше појјако ако навистина имаше CO-OP и да можете да играте со ваш другар или пријател, или едноставно да имаше квалитетен AI CO-OP којшто ќе ви врши Side-Quests што се релативно досадни.

Градовите се масовни и преполни!

Ајде да свртиме малку на позитивните работи, и работите коишто многу ми се допаднаа! Градот дефинитивно беше тоа што ми ја направи Marvel’s Spider-Man една од омилените игри некогаш направени бидејќи навистина онака уживав само да си се шетам и да си леткам низ градот. Секоја зграда беше онака уникатно направена и градот никогаш не ми досади. Ако се вратам малку на GTA франшизата, факт е дека до крај на играта сите го знаеме градот целосно, знаеме која зграда е каде и сè останато, а градовите во GTA се многу по големи. Во Marvel’s Spider-Man никогаш не научив која зграда каде се наоѓа и никогаш не ми досади да се движам низ градот. Тоа многу повеќе го доживеав во „Marvel’s Spider-Man 2“. Главната причина за тоа е што оваа игра не ти дава само град, туку ти дава два града коишто ги дели само една река и се споени со мостови! Рачунајте дека искуството од шетање низ градот е сега дупло поголемо и повеќе забавно!

Најдобрата карактеристика којашто мене многу ме фасцинираше, а не е нешто да ни експлодира мозокот е брзината на Fast Travel од еден реон во друг реон. PlayStation не за џабе се отепаа да го промовираат Хардверот и SSD-то на конзолата, ова е играта што стварно ја докажува брзината. Буквално можете да се префрлите од едно реонче на друго во играта без никакви чекања, без никакви Loading Screens без буквално ништо! Веднаш се телепортирате дури во движење, не само онака да застанете на некоја зграда. Туку ако се префрлате за време додека сте во воздух, ќе се префрлите како Глајдате со новиот „Wingsuit“ во играта.

И сега доаѓаме на еден од најубавите нови делови што е скрос украдено од Batman Arkham серијалот и е супер што го украле. Костимите што ги носите сега имаат за летање односно за сурфање низ воздухот ќе е правото објаснување. Доколку сте го играле Batman Arkham серијалот потполно ќе знаете за што станува збор и е нешто што целосно фалеше во првите два дела како гимик. Можеби немаше да го искористиме, ама требаше да го има и порано. Причината за којашто е додадено во овој дел на играта е само поради причината кога ќе се префрлате од Квинс накај Бруклин, да не мора по мостот да пуштате пајажина, си се фрлате само и си летате низ воздух со нив. Низ град скоро и никогаш нема да ги искористите, освен ако не сакате само да си летате со нив. Но за да не биде идиотско и да треба пајажина па Wingsuit да отворате, во играта има „бустери“ коишто се во вид на круг, и ако влезете во еден од нив добивате поголема брзина додека си сурфате низ воздухот. Во одредени мисии има точно направена рута за како треба да ги фатите еден по друг круг и лесно ќе можете да си сурфате крос реката без да паднете во вода. Прекрасен гимик што мене лично максимално ми беше задоволително од причина што јас обожавам да си шеткам низ градот и сега ми даваш уште една нова верзија на како можам тоа да го правам.

Ако збориме колку градовите се полни со работи што можат да се најдат од аспектот на Side-Quests има многу да, но сепак сè уште полоши и од претходните делови. Да не се кажеме сајд работите од претходните игри беа екстремно досадни и глупави … Insomniac Games за жал се повторно заостанати во времето и не се потрудиле да ги направат подобри и да има забава додека се прават сите овие работи. Буквално е сè исто како од првиот дел. Сликање, спречување грабеж, запирање кола, собирање на некои предмети, и толку … Во минатите делови овие работи ги правев само поради причината да добијам Platinum трофеј или да соберам костими, но сепак толку се досадни и немаат никаква уникатност што на некој што не му се битни тие работи, не треба ни да ги прави.

Има доста забавни и брзи споредни мисии, како што се помагање на студент да ја праша својата девојка да се врати дома. или да ја спаси маскотата на Brooklyn Visions од ривалско училиште со решавање на серија светлосни и огледални загатки, но би сакал да видам уште повеќе живот во светот. Овие ликови му даваат малку повеќе вкус на светот и неговата главно хомогена популација на NPC, кои очигледно немате намера да ги погледнете премногу внимателно. Сепак, постојат исклучоци од правилото: има уште неколку инволвирани потраги кои се многу похранливи, речиси до степен да бидат серија мини главни мисии за заплетот. Наградите за завршување на овие различни активности варираат, со некои кои се движат од вистински возбудливи делови за Upgrade за она што следува, до едноставно стекнување на некои технолошки делови со кои ќе ги надградите вашите способности.

Огромен број на уникатни непријатели и начини како да ги победите!

Ако во некој аспект Insomniac Games ги слушнале фановите и се потрудиле да го направат уникатно ова продолжение е тоа што ги слушнале поплаките и барањата на фановите, а тоа да има многу поголем број на уникатни непријатели. Во првата игра гледавме само хулигани, мафијаши и Стормтрупери. И од сите тие неколку видови на банди што ги гледаме во текот на целата игра, сите имаат само мал број на уникатни непријатели. Односно има само со палки, штитови, голи раце или пушки и тоа е тоа … Но сега тоа е многу поправено, односно подобрено. Новите фракции како што се култистите со пламенофрлачи кои ве држат на далечина, летачките дронови и ловците кои распоредуваат ласерски мрежи над вашата глава за да ги ограничат воздушните напади, ве држат на вашите лепливи прсти. Одредени непријатели се слаби на различни видови способности, како што се електрични или симбиотски напади, што исто така додава пријатни дополнителни пречки на борбите. Во никој случај не е револуционерна работа, туку добредојдено дополнително ниво на сложеност што ве тера да размислите кои моќи – па дури и кои Спајдермен – се најдобри за дадена работа! Во првата игра учите што и како треба да се тепате, но сега навистина треба да размислувате дали ќе ги користите нападите кога вие ќе сакате! Многу пречки, но тоа е прекрасно!

И Мајлс и Паркер имаат нови уникатни моќи во играта. Ќе се фокусирам повеќе на Паркер од причина што он ги има повеќето нови моќи бидејќи сега има вистински моќи а тоа е нормално Симбиотот којшто подоцна станува Venom. За разлика од Мајлс, Паркер нема никакви уникатни моќи како што се станување невидлив или пуштање струја од себе. Паркер има само Сила и тоа е тоа … Но сепак сите знаеме што се случува кога Симбиотет ќе се закачи на него! Истото се случува и тука! Благодарение на Симбиотот Паркер сега добива многу повеќе моќ и класичен бар којшто се полни до степен на полудување. Кога ќе дојде степенот на полудување како што го викам јас од костимот искачаат Симбиотски Пипци како на огромен пајак коишто ги демолираат непријателите! Со самиот костим првично се станува многу јак, но кога се активира тоа, со среќа нека им е на непријателите коишто ќе се најдат во таа борба. Во буквална смисла Instant Kill! Но како што спомнав погоре, има непријатели коишто можат да ги одбијат тие напади, и треба да бидете внимателни кога ќе ги користите тие моќи.

За разлика од Паркер, Мајлс си ги имаше истите моќи коишто се главно Молњи коишто можат да се пуштаат. Мајлс ги има толку навежбано сите тие напади (се прави Upgrades логично) што Мајлс буквално може да му биде близнак на Elector! Толку нови напади со струја што е фантастично да се гледа кога ќе се игра со Мајлс! И во неговата игра имаше неколку напади, но овде е дополнето едно 50 пати повеќе со многу уникатни работи. Со Мајлс можете многу повеќе да играте Stealth, но сепак јас цело време сакам да се тепам, Stealth не ми е интересно да играм, освен кога морам да го правам тоа.

Како и во претходните игри, и во оваа има „Skill Tree“ кое е поделено на 3 дела. Првиот дел е сите Upgrades за Паркер, вториот дел е Upgrades само за Мајлс, но има нешто многу интересно што искрено не го очекував а тоа е „Upgrades за Spider-Man“. Ако тоа звучи чудно, тоа е Upgrades што влијаат на двајцата Спајдермени заедно. Во глобала тие се повеќе сила, брзина, скок и сè останато. Јас некако сакав тоа дрво прво да го наполнам цело па после за секој како ми дојде. Останатите Upgrades за двајцата заедно се нормално нови моќи и начини на тепање, класично Skill Tree.

Заклучок за Marvel’s Spider-Man 2

Сакав да кажам „толку колку што вреди играта да се игра, толку и не вреди“, но сепак крајот на таа реченица ќе ја завршам со делумно вреди да се изигра играта. Вреди да се доживее тоа што пробале да го направат и докажат со играта! Одлична приказна којашто може да ви е досадна, но на крај сигурно ќе си пуштите малку солзи бидејќи јас си пуштив солза, а тоа не го правам често … Се потрудиле да ја направат играта малку подобра од претходните, но навистина не се потрудиле да направат нешто скрос ново и нешто скрос уникатно. Се потрудиле во делот на приказната, но целосно ја пропуштиле уникатноста да направат co-op! Треба … Односно МОРА да има и трет дел од оваа франшиза, но таму се што фали навистина да го има, и можеби да се заврши како трилогија. Ова само да им е лекција на тоа што треба да го направат како за завршна трилогија со сите карактери што треба да се таму!

Играта ја чекав уште од моментот кога ја најавија и навистина ми беше драго што можев да добијам Копија за Рецензија и да ја пробам многу порано. Барав повеќе работи, не ги очекував бидејќи знаев дека нема да ги има, но ни за момент не бев разочаран од тие 25+ часа што ги потрошив да ја завршам играта. Рецензијата завршува тука, а јас одам да си се вратам во играта и да си направам Platinum трофејче на PlayStation.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN