Во последниве години, видео игрите станаа популарен медиум за промовирање на други забавни брендови, особено кога станува збор за жанрот Battle Royale. Во Fortnite например видовме соработки со буквално се можно што постои, од Marvel до Star Wars до Музички ѕвезди… Сега, Respawn Entertainment се подготвува за својот најнов настан на Apex Legends, кој е соработка со популарниот рапер Post Malone, првиот од потенцијално многуте кросовери на поп-културата.
Post Malone е поврзан со игри долго време, при што тој и неговиот колега рапер Lil Yachty беа меѓу првите познати личности што стримаа на Twitch во 2017 година. Раперот е исто така страствен обожавател на FPS игри, како што се Call of Duty и Battle Royales, што го прави совршен избор за следниот настан на Apex Legends, игра која јавно ја пофалуваше низ годините.
Во објава на Twitter (X), Post Malone ги изненади фановите со објавата дека ќе учествува на настан во Apex Legends на 7 ноември. На видеото се гледа како Post Malone лежи на подот прашувајќи „Can someone res me?“ Тој, исто така, го придружуваше видеото со натпис „Get ready for two weeks of beautiful mayhem“.
Нема новости за тоа што има подготвено Respawn Entertainment за соработката, дали се работи за концерт во играта сличен на она што го направија ѕвездите како Travis Scott и Ariana Grande во Fortnite или дали Post Malone ќе добие сопствен скин во играта.