ISO – Новиот Агент во Valorant

ISO е следниот VALORANT агент кој ќе дојде во играта, и пристигнува со директен лет дури од Кина. Како агент 24, ISO ќе се појави во играта на Riot Games како Дуелист со неверојатни способности. Тој е енигма – мистериозен убиец со неверојатни таленти за убиство, а неговата историја е откриена во триминутен трејлер.

Според Riot Games, ISO е цврст лик, неизмерно моќен и способен да уништи тим со огромна прецизност. Неговите способности се фантастични на хартија, но како ќе се претстават во играта?

E – Double Tap

Како и Reyna, Iso може да собира „Orbs“ од утепани – па дури и повредени – непријатели, но овие топчиња се создаваат само додека неговиот „тајмер за фокусирање“ е активен. Преку овие топчиња, Iso може да добие штит што апсорбира одреден DMG – од било што.

Q – Undercut

Со оваа Iso ќе исфрли громови што ќе испукаат на рамна површина – слично како Sova’s Ult, но за разлика од Sova’s Ult, нема да го убие непријателот – само ќе ги остави во тешка ситуација (пред умирање).

C – Contingency

Contingency му овозможува на Iso да генерира ѕид од „призматична енергија“ што може да се користи за блокирање на сите дојдовни куршуми на ограничено време – додека е активно, тоа е неуништливо.

X – Kill Contract

Iso Ult е една од најуникатните способности што сме ги виделе. Тој може да активира колона со енергија што го менува светот што веднаш ќе го телепортира – и првиот непријател што колоната го допира – во арена за борба во 1v1. Само еден агент може да ја напушти арената жив!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…