Во изработка е Vampire Survivors Серија

Vampire Survivors, хитот на Steam кој се искачи на топ листите како ракета и на крајот се проби до Xbox Game Pass, исто така ќе добие адаптација во ТВ Серија… Полека, не паничете многу… Серијата ќе биде анимиран проект (сега можете да дишете), а медиумската компанија Story Kitchen ќе работи на проектот заедно со девелоперите на Vampire Survivors. Во моментов не е одредено кога ќе ја видиме адаптацијата, а исто така сè уште не е кажано на која стриминг платформа ќе дојде серијата Vampire Survivors. Има огромни шанси да биде на Netflix, но треба да почекаме да видиме.

Deadline беа првите кои што ја дадоа информацијата за адаптацијата на Vampire Survivors и ја потврдија соработката на Девелоперите со Story Kitchen, компанија која веќе не е непозната да работи на адаптации на видео игри. Овој проект е во многу рана фаза бидејќи се уште не е најдена стриминг платформа каде ќе биде прикажувана серијата, многумина шпекулираат дека Netflix ќе ги откупи правата, но сепак за серијата се уште се бара авторска екипа.

Luca Galante, основачот на Poncle, сподели неколку зборови за објавата и фактот дека „малата инди игра“ како што е Vampire Survivors беше доволно успешна за да премине од мало издание до евентуална серија. Тој, исто така, се пошегува со фактот дека, и покрај името на играта, всушност нема вампири во Vampire Survivors… Се уште…

“The most important thing in Vampire Survivors is the story, so it’s a dream come true to see what started as a little indie game I made on my weekends come to life as an animated TV show!. It’s also great to be partnering up with such experienced and talented people to make the show. I do wonder if they’ve realized that there isn’t a single vampire in Vampire Survivors, though.”

Luca Galante основачот на Poncle

Од нејзиното објавување, Vampire Survivors беше играта која го освои светот, посебно луѓето кои што имаат Steam Deck. За тие луѓе Vampire Survivors е како God of War на PlayStation (да не претерувам ама од прилика). Исто така, доби и повеќе од еден DLC, со Legacy of the Moonspell и Tides of the Foscari.

Poncle иако ја обожаваат Vampire Survivors, сепак работат и на многу други проекти во моментов. Во ажурирањето за играта споделено претходно оваа година, Poncle изјавија дека имаат „многу работи, кои не се исклучиво поврзани со Vampire Survivors, кои се прават зад сцената во Poncle”.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Мајкрософт објави дека три нови игри ќе се приклучат на Xbox Game Pass во текот на следната недела. Но сепак некои работи кога доаѓаат, повеќе треба и да си одат. Овој пат од Xbox Game Pass си заминуваат 9 игри, од кои што сите се добри.

Најголемите игри – што се однесува до озлогласеноста – што наскоро ќе го напуштат Xbox Game Pass се Valheim и Gotham Knights. Сепак, тоа не се единствените истакнати наслови што се отстранети.

Целосната листа од деветте игри е:

  • Gotham Knights (Cloud, Console, и PC)
  • Let’s Build a Zoo (Cloud, Console, и PC)
  • Loop Hero (Cloud, Console, и PC)
  • My Time at Portia (Cloud, Console, и PC)
  • PAW Patrol Grand Prix (Cloud, Console, и PC)
  • Phoenix Wright: Ace Attorney Trilogy (Cloud, Console, и PC)
  • The Walking Dead: The Complete First Season (PC)
  • The Walking Dead: Season Two (PC)
  • Valheim (Cloud, Console, и PC)

Нема конкретен датум кога игрите ќе бидат отстранети. Што се однесува до образложението, тоа веројатно се должи на различни договори за лиценцирање кои истекуваат помеѓу Мајкрософт и издавачите. Оние кои сакаат да продолжат да ги играат може да ги купат за ажурирање со 20% попуст.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!