PlayStation 5 Pro пристигнува во ноември

По многубројните извештаи и гласини во изминатите 16 месеци, Sony официјално го претстави PlayStation 5 Pro. Соопштението и претставувањето на конзолата беше прикажано преку специјален настан од 9 минути на YouTube каналот на PlayStation.

PS5 Pro е целосно дигитална конзола со датум на пристигнување – 7 ноември. Што се однесува до цената, ќе се продава за 799,99 евра. Тоа е зголемување од 300 евра во однос на основниот PS5 кој има и диск драјв. PlayStation, ја претераа работата…

Конзолата доаѓа со 2TB SSD, контролер DualSense и претходно инсталирана верзија од Astor’s Playroom. Доколку сакате да додадете диск, можете да купите посебен диск за конзолата за 100 евра… И опааа, 900 евра конзола! Лудаци!

Што се однесува до изгледот на конзолата, дизајнот одговара на она што беше прикажано преку протекување и тизери. Конзолата изгледа слично на основниот PS5, но има три црни ленти на страничната плоча. Изгледа секоја плочка од страна чини по 150 евра, и затоа е поскапо.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Крафтон потпиша договор со развивачите на Palworld, Pockerpair, за да ја донесат Palworld на мобилни.

Најавата доаѓа од соопштението за медиумите од Krafton, кое открива дека компанијата потпишала договор за лиценцирање за интелектуалната сопственост (IP) на „Palworld“.

Во соопштението се вели дека „Преку овој договор, Krafton ќе го прошири IP-то на Palworld на мобилнните платформи. Планираат верно да ги реинтерпретира и имплементира главните забавни елементи на оригиналот за да одговара на мобилната средина. Со проектот ќе раководи развојниот тим на „PUBG STUDIOS“, креативно студио под Крафтон“.

Објавувањето на Palworld на компјутер и Xbox привлече 25 милиони играчи и достигна трет највисок број на истовремени корисници на Steam на сите времиња. Играта го имаше своето деби на PlayStation 5 во септември.

Минатиот месец беше откриено дека Nintendo ќе покрене правна постапка над Palworld за прекршување на патенти, на што Pocketpair одговори дека „ние ќе дадеме се од себе за нашите обожаватели и да се осигураме дека развивачите на инди игри нема да бидат спречени или обесхрабрени да ги следат нивните креативни идеи“.

И покрај успехот, играта доби малку реакции од заедницата по нејзиното објавување поради нејзините огромни сличности со Pokemon. Многу фанови на Покемон ги споредија сликите и средствата на интернет, обвинувајќи го Pocketpair за плагијат и разговорот околу ова прашање навидум никогаш не беше уништен.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!