PlayStation 5 (PS5) Pro беше најавен во вторникот и доби широк спектар на повратни, клучно негативни критики. Има милион мислења и критики како што се лутења и нервози за тоа колку самата конзола ќе чини и што (не) се добива од неа, но сепак има и доста и позитивни критики дека ова фалело. Меѓутоа, големото прашање е како PS5 Pro ќе се продава на пазарот?
Според еден аналитичар од Ampere Analysis, PS5 Pro треба да се продава слично како PS4 Pro.
Пирс Хардинг-Ролс, аналитичар во индустријата за игри во компанијата, верува дека PS5 Pro ќе продаде околу 13 милиони единици до 2029 година. Што се однесува на датата на излегување на конзолата, компанијата смета дека ќе бидат продадени околу 1,3 милиони конзоли, во првата недела. Тоа предвидување го става на слично ниво како PS4 Pro на своето лансирање кога успеа да продаде 1,7 милиони конзоли
Очекуваме ценовната точка да ја ублажи побарувачката кај некои потрошувачи, но за ентузијастите на PlayStation цената не е толку важна.
Изјавата на Пирс Хардинг-Ролс. Доста грубо кажано за ентузијастите
Зар вреди толку пари?!
Што се однесува до цената на новиот систем, Хардинг-Ролс го признава дискурсот околу оваа тема. Со зголемување од 40%-50%, тој вели дека има неколку причини за цената од 799.99 евра.
Цените на PS5 Pro ја одразуваат приспособената стратегија на Sony да ја заштити својата маржа, генерално инфлацијата на синџирот на снабдување и недостатокот на директен конкурент за нејзината надградба во средината на циклусот во споредба со минатата генерација (каде што Microsoft го подготвуваше Xbox One X). Недостигот на конкуренција значи дека е полесна одлука за Sony да работи со повисока цена за да ги заштити своите постоечки маржa.
Пирс Хардинг-Ролс
PlayStation 5 Pro ќе започне да се продава од 7ми ноември 2024 година.