Warhammer 40.000: Space Marine 2 Рецензија

Веќе долги години во фантази жанрот се прават најдобрите приказни и светови што некогаш биле креирани. Факт е дека еден од најдобрите и најстарите вакви светови е Middle-Earth којшто е креиран од Толкин, но сепак има еден друг свет и универзум што може да се каже дека е и многу подобар, или се на исто ниво како најдобрите. Се работи за универзумот на Warhammer!

Свет којшто е креиран уште во 1983 година со првата игра, Warhammer активно повеќе од 40 години, го освојува овој наш свет со популарност секојдневно. Но, најголемиот бум и зголемување на популарност, и креирање на најпопуларните приказни од тој свет се случува во 1987 година кога се прават првите приказни во светот на „Warhammer 40.000“. Во оваа рецензија нема да навлегувам многу во детали за овој свет, бидејќи ќе ве пренасочам да ги прочитате неколкуте колумни на најголемиот фан и познавач на Warhammer 40K универзумот кај нас – Ристе Манасиев, @richter. СИТЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!

Warhammer 40K: Space Marine 2

Враќање во универзумот Grimdark

Морам уште на самите почетоци да кажам дека јас не сум голем познавач на целиот универзум на Warhammer, но не дека не знам ништо. Јас од овој огромен универзум знам дека ги имаат едни од најдобрите приказни некогаш направени, приказната раскажана во повеќе од 300-400 новели, што е сериозна бројка и се гледа колку е огромен универзумот.

И, дополнително дека е најголемата и најдобрата Miniatures Wargame некогаш направена. Познавање на карактери, целата приказна како се одвива, знам многу малку, и да не беа овие игри, и дополнително неколкуте големи, тешко дека ќе знаев нешто повеќе, бидејќи е стварно огромен универзум, и е со многу специфична тематика да навлезеш во него.

Мене после долги години ми беше многу драго што конечно се вратив да играм како Lieutenant Titus! За нас ова чекање беше 13 години, но сепак за него приказната се одвива околу 200 години по завршување на првиот дел. Сите го знаеме Titus каков гладијатор од карактер беше уште тогаш, но сепак во овој дел е направен да биде уште повеќе уникатен и да се знае дека може еден маринец да се бори против цела армија со една пушка и моторна пила.

Играта е креирана од Saber Interactive, тимот кој стои зад World War Z, игра којашто претстави еден уникатен стил на голема група на непријатели да напаѓаат наеднаш. Titus против целата армија на Тиранидите е магија, и допаминот се крева на огромно ниво и само сакате да пукате и рокате!

Приказната ја следи познатата нарација на Warhammer 40K, човештвото е на работ на егзистенција, а само моќта на вселенските маринци (ултра маринци) може да го спречи хоророт – и како нов обожавател на франшизата, цело време буквално врескав од колку ми беше сè предобро. Она што навистина се истакнува е колку добро играта ја доловува угнетувачката, речиси безнадежна атмосфера на универзумот.

Многу ми се допаѓаше моментот на разговорите помеѓу Titus, Chairon, and Gadriel, каде што они знаат дека се „мажишта“ и целиот разговор им е со дерење, секој втор збор е „брату мој“, знаат дека целта им е слобода или смрт, и знаат дека нивниот легаси е запишан и си го носат со себеси.

Околините за мене беа причините зошто Space Marine 2 навистина блеска како игра. Размерот е огромен (од гледна точка, не за движење), како што треба да биде во секој наслов на Warhammer 40K.

Ќе се најдете како се борите низ бујните џунгли на Кадаку, сложените градски пејзажи на Аваракс и пустите гробишта на Демериум. Секоја локација е прецизно дизајнирана, со ниво на детали што не само што одговара, туку и го надминува она што љубителите на универзумот би можеле да го замислат. Не е само да изгледаме кул – овие поставки се чувствуваат живи, преполни со тежината на милениумите на конфликти. Иако играта беше целосно линеарна, и често во вакви линеарни игри ми пука филм дека се ми е монотоно, овде ниту малку не го почувствував тоа.

Трчаш… Пукаш… Убиваш…

Ако сте ја играле првата Space Marine игра, ќе бидете точно запознаени што нуди Space Marine 2. Се враќаат хек-и-слеш навиките и е позадоволувачко од кога било! Секое замавнување на вашата пила, односно меч со синџир од пила (или другите оружја како нож, чекан и голем меч), или секој куршум испукан од вашата пушка е едноставено магија. Борбата на играта е мастеркласа за да се направи играчот да се чувствува моќен.

Без разлика дали масакрирате хорди на тираниди или се борите против големи непријатели, има речиси првобитно задоволство во начинот на кој играта се справува со насилството.

Технологијата на хорда, која Saber Interactive ја усоврши во World War Z, овде е издигната до својата апсолутна граница. Замислете стотици, ако не и илјадници тираниди како преполни со вашиот екран, се качуваат еден над друг за да стигнат до вас. Тоа е хаотично, поразително и брилијантно. Фрлањето граната во зовриената маса непријатели и гледањето како прскаат на сите страни, никогаш нема да не биде интересно!

Она што е особено импресивно е како играта има баланс помеѓу сите оружја и начинот на којшто се игра. Балансот помеѓу пушка, пиштол, меч и бомба, е толку добро направен што вие ако сакате можете да се обидете да ја поминете цела игра само со меч, но сепак кога тогаш ќе мора да пукате, бидејќи има непријатели коишто летаат.

Дополнително, има убава и усовршена „Parry“ механика којашто многу помага во оваа игра посебно во моменти на напад од хорда на Тераниди. Доколку некој непријател почнува да скока кон вас, се пали син круг, и вие можете да направите Parry и да го згазите како бубачка. Но сепак на моменти се палат и црвени кругови, коишто тие мора да ги одбегнете со движење. Очигледно Saber Interactive сфатиле дека најдобриот жанр денес се Souls игрите, и нивните механики се стварно потребни тука.

Многу ми се допадна што во играта нема огромен избор на ти како можеш да ја играш. Има како што кажав пушка, пиштол и меч. Но, притоа, има само една способност наречена Righteous Fury, која уште повеќе го зголемува масакрот. За кратко време, добивате значително зајакнување на вашиот карактер, и се случува целосно регенерирање на силата. Тоа е вид на моќна фантазија која никогаш не старее, а неговото мудро користење е клучно.

На некој начин, кампањата е освежувачки фокусирана – без систем за левелирање, отклучување или странични мисии, и само мал дел од колекционерски предмети, таа е противотров за преполните и надуени светови на модерните акциони игри. Ова за мене беше најдоброто нешто и причината во којашто јас лично едноставно уживав! Не ме тераше никој да левелирам, па да го надоградувам карактерот, па да истражувам па сè останато. Во најголем дел сте само вие и борбените елементи, а кога играта се активира на сите цилиндри, особено на почетокот, тоа функционира.

Нормално, освен за мечот кој не се троши никако, со секое друго оружје си лимитиран со куршуми, лимитиран си на бомби, и лимитиран си на ресурси за лекување. За среќа, никогаш нема да почувствувате како ви фалат куршуми или бомби, бидејќи ги има расфрлено на секој чекор, и буквално дури досадно станува на момент зошто толку многу, можеби сакаш малку да се чувствуваш како немаш доволно куршуми. Но сепак ова се случува доколку се игра на многу потешки нивоа. Пробав да играм на најтешкото ниво „Angel of Death“ и цело време чувствував само DEATH … тоа Angel делот не го видов.

Тепање на Тираниди со пријателите

Space Marine 2 дава опција да играте co-op со вашите пријатели и најблиските и заедно да ги тепате армиите на тиранидите. Можете да ја завршите целата кампања сами или во co-op. Но… не сте свесни колку мене ми пречеше што буквално на секоја минута играта ти плеска во фаца „ИГРАЈ ОНЛАЈН“! Јас целата кампања си ја поминав соло, не ни сакав, не ни пробав да ја играм кампањата со други. И буквално после секој синематик и на секоја минута, играта ме труеше да ја играм на тој начин.

Не проверив дали има опција што се вика „Не ме замарајте“, бидејќи сакав да видам дали самата игра автоматски ќе сфати дека не сакаш да играш онлајн.

Space Marine 2 не е само искуство за еден играч. Играта има неколку режими за повеќе играчи кои додаваат значителна вредност за повторување. The Operations mode, кој поддржува до три играчи, е искуство во соработка што ви овозможува на вас и вашите пријатели заедно да се справите со мисиите. Можете да изберете од шест различни класи – Tactical, Assault, Vanguard, Bulwark, Sniper, и Heavy – секоја со свој сет на вештини и оружје.

Прилагодувањето е клучно овде. Како што ги завршувате мисиите, ќе заработите податоци и искуство за оружјата, кои можете да ги искористите за да ја надградите класата со поволности и да го израмните оружјето. Системот за прогресија е длабок, што ви овозможува да го обликувате вашиот стил на игра за да одговара на вашите преференции.

Без разлика дали претпочитате да се закачувате и да ги одбирате непријателите од далечина како снајперист или да се приближувате со пилата како напаѓачки маринци, има стил на игра за секого.

The Eternal War mode ја враќа акцијата со повеќе играчи 6v6, што ја сакаа обожавателите на првата игра на Space Marine. Трите режими – Annihilation, Seize Ground и Capture & Control – се едноставни, фокусирајќи се на играње со оружје, позиционирање и класни способности. Нема killstreaks за кои треба да се грижите, нема прекумерни мета движења за совладување. Тоа е освежувачко враќање на основите, каде што владеат вештината и стратегијата.

Завршни зборови… Многу кратка приказна

Откако ја изиграв секоја од шесте мисии за прв пат, веќе почувствував дека во суштина сум видел сè што има да понуди играта, и на начин дека веќе немав потреба да породлжам да уживам во играта.

Иако мисиите се многу филмски, една од последиците од тоа е дека тие навистина немаат варијабилност за да се спротивстават на повеќекратното повторување – штом еднаш ќе ги видите убавите работи, тие ќе бидат повторно исти следниот пат кога ќе видите нив. Резултатот е дека мисиите се чувствуваат чудно рамномерни, постојат на исто ниво на акција и неизбежно завршуваат со тројцата присутни играчи кои велат „Ахх, претпоставувам дека тоа беше крајот?“.

ФИНАЛНА ОЦЕНА ЗА WARHAMMER 40K: SPACE MARINE 2
8/10

МАРКЕТИНГ

About The Author

Проектот и серијата Secret Level беа претставени на неодамнешната церемонија на Gamescom Opening Night Live, при што студиото Blur ги дигна стандардите за амбициозниот проект кој вклучува неколку препознатливи франшизи. Secret Level е анимирана серија во која секоја епизода е заснована на различна игра: God of War, Unreal Tournament, Warhammer итн.

Во последните неколку месеци на интернет се појавуваа неколку тизер трејлери, но неодамна протече еден поголем трејлер кој што ни откри неколку клучни членови на актерската екипа.

Гејмингот владее во Холивуд

Протечениот трејлер за Secret Level, кој се појави на еден Телеграм сервер, прикажува повеќе од франшизите што најдоа место во проектот. Тоа е долга листа, а потенцијалот на Secret Level е речиси неспоредлив – има толку многу серии на видео игри од кои може да се извлече за да се насели универзумот.

Во трејлерот се откриваат вокалните таленти на неколку актери од висок профил:

  • Arnold Schwarzenegger
  • Patrick Schwarzenegger
  • Kevin Hart
  • Heaven Hart
  • Keanu Reeves
  • Gabriel Luna
  • Arianna Greenblatt
  • Adewale Akinnuoye-Agbaje
  • Michael Beach
  • Emily Swallow
  • Claudia Domit

Еве еден од претходно објавените трејлери за Secret Level:

Не ни треба долго да чекаме додека готовиот трејлер не биде објавен на интернет – самото шоу ќе биде премиерно прикажано на Prime Video на 10 декември и ветува дека ќе понуди малку нешто на сите, без оглед на видот на игрите во кои уживате.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!