Новиот контролер за PS5 – PlayStation Access

Sony денес го објави датумот на лансирање и цената за својот претстоен PlayStation Access контролер, кој ќе биде компатибилен со PS5 конзолите. Во текот на изминатите неколку години, пристапноста стана поголем фокус за производителите и развивачите на видео игри ширум светот. Во стремежот да ги направат игрите подостапни за пошироката публика. Мајкрософт објавија свои уникатни контролери кои им овозможуваат на оние со различни попречености да играат игри што вообичаено не би можеле да ги искусат. Сега, PlayStation треба конечно да го објави свој контролер од овој тип во последниот месец од 2023 година.

Споделено на блогот на PlayStation денес, беше откриено дека PlayStation Accees треба да се појави подоцна оваа година на 6 декември. Самиот контролер ќе се продава за 89,99 долари и е подготвен да се појави на Pre-Order на крајот на следната недела на 21 јули преку PlayStation Direct и други трговци. Во споредба со нормален контролер, овој модел на Access ќе доаѓа со различни копчиња и капачиња за стапчиња за да го направат високо приспособлив. Во суштина, поентата на контролорот за PlayStation Access е дека може да се реконфигурира на многу различни начини за да се приспособат на оние кои не можат да го користат стандардниот контролер DualSense на PS5. За тие што можеби не им е јасно се уште, ова не е контролер за сите, ова е контролер за лицата со попреченост.

Контролерот PlayStation Access е еден од многуте нови хардверски парчиња што Sony ги објавува за PS5 оваа година. Претходно во 2023 година, PlayStation го пушти DualSense Edge, кој е верзија од повисоко ниво на стандардниот DualSense која има приспособливи делови. Надвор од овие контролери, Sony неодамна го претстави и она што го нарекува „Project Q“, што е уред за стриминг базиран на клауд гејминг што може да се користи за играње игри на PS5 на рачен начин. И ако сите овие нови додатоци не беа доволни, Sony исто така се шпекулира дека ќе објави нов модел на самиот PlayStation 5 подоцна оваа година кој ќе има отстранлив диск. Самиот Sony сè уште не ги потврди овие гласини, но по голема веројатност, оваа верзија на конзолата би можеле да ја видиме наскоро откриена.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Xbox овој месец ја прославува својата 25-годишнина, а по тој повод ги изненадува фановите со бројни подароци и најави. Игри како Minecraft, Microsoft Flight Simulator 2024, Gears E-Day и други добија бесплатни содржини по повод прославата. Покрај бесплатните предмети во игрите, играчите добија и неколку возбудливи најави од студијата Id Software и MachineGames, кои се во сопственост на Bethesda.

Извршната директорка на Xbox, Аша Шарма, во четвртокот објави порака на X во која зборуваше за подобрувањата што пристигнуваат на Xbox, но тоа не беше сè. Таа ја промовираше и новата Slaughter Mode, бесконечен борбен режим за Doom: The Dark Ages. Во овој режим, играчите ќе се соочуваат со сè посилни бранови случајно избрани демони, со цел да освојат што повеќе поени и да собираат черепи кои можат да ги заменат за уникатни награди. По секој бран, ќе мора да одлучат дали ќе продолжат и ќе ризикуваат да го изгубат целиот дотогашен напредок или ќе се откажат и ќе се обидат повторно подоцна.

Ажурирањето со Slaughter Mode за Doom: The Dark Ages треба да биде објавено во понеделник, на 16 ноември. Бесплатно ќе биде достапно за играчите кои го поседуваат DLC-пакетот Revelations, како и за оние кои ја купиле премиум верзијата или премиум надградбата за Doom: The Dark Ages.

Id Software и MachineGames работат на нови игри

Студиото Id Software, кое стои зад Doom: The Dark Ages, одговори на објавата на Шарма за новото ажурирање и потврди дека неговите тимови во Тексас и Франкфурт работат на нова игра. Се чини дека мистериозниот проект сè уште е во рана фаза на развој, бидејќи Id Software не сподели многу детали. Сепак, потврди дека режисер на играта ќе биде Хуго Мартин, кој ја предводеше работата на The Dark Ages.

Ова не беше единствената најава за нова игра во четвртокот. Шарма потврди дека Wolfenstein 3 официјално е во продукција во студиото MachineGames. Ваквата најава беше очекувана, бидејќи минатата година шефот на студиото, Јерк Густафсон, потврди дека рестартирањето на серијалот Wolfenstein отсекогаш било замислено како трилогија. Сепак, официјалната потврда дека играта се развива претставува значаен чекор напред во однос на претходните гласини и шпекулации.

Двете најави беа придружени со малку детали, па веројатно станува збор за проекти кои сè уште се во рана фаза на развој. Сепак, ова се одлични вести за фановите кои со нетрпение очекуваат нови игри од овие студија. Засега ќе мора да почекаме за повеќе информации, но за среќа, новиот режим на игра во Doom: The Dark Ages ќе ни понуди нешто со што ќе го исполниме времето дотогаш.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!