Денес на најголемиот настан за Гикови и Нрдови “San Diego Comic-Con” ѕверките од Insomniac Games го претставија новиот трејлер каде што влегуваме длабоко во приказната на Spider-Man 2. Пред само некое време на последниот PlayStation Showcase добивме голем трејлер со гејмплеј од играта, но сега малку повеќе ни раскажува за самата приказна.
Можеби најизненадувачкото нешто во врска со овој нов трејлер за Marvel’s Spider-Man 2 е тоа што го прикажува Хари Озборн дами и господа! АЈДЕЕЕ!!! Хари е најдобриот другар на Паркер од детството, во првиот дел од играта беше само спомнуван и претставуван како Side Quest’s, но не беше никако прикажан во целата игра. Во ова продолжение, Хари се чини дека игра голема улога во приказната. Надвор од изгледот на Хари, овој нов трејлер, исто така, особено го прикажува првиот поглед на Venom, еден од главните негативци на играта, во акција. Но… Луѓе дали го видовте Мајлс како добро изгледа во ова продолжение! Маестрално!