Наскоро ќе добиеме The Last of Us Remake

Девелопер кој што работи во Naughty Dog се чини дека само што потврди дека студиото работи на римејк на The Last of Us. Минатата година првпат се појавија извештаи кои тврдат дека римејк на оригиналната игра на франшизата се подготвува за PlayStation 5. Оттогаш, ни Naughty Dog ни PlayStation немаат ништо кажано за ова, што доведе многу фанови да се прашувам дали навистина доаѓа римејк на оваа легендарна игра. За среќа, се чини дека ова ново протекување сега потврди дека новата верзија на The Last of Us е на пат.

Како што може да видиме на Linkedin профилот на Corey Hong кој работи како QA Tester во Naughty Dog, се вели дека студиото е во процес на развој на некаков римејк во моментов. Hong, кој започнал да работи во Naughty Dog во 2019 година, вели дека се работи на „ненајавен римејк проект“ кој е во развој. Профилот не продолжи да потврди дека овој римејк е поврзан со The Last of Us, но со оглед на претходните извештаи што ги слушнавме, се чини очигледно дека тоа е она со што се поврзува проектот.

Има некои фанови на студиото кои што сметаат дека ова може да биде Jak and Daxter римејк, но сепак што би одбрале вие… The Last of Us или Jak and Daxter римејк? Другите франшизи не се од причина со Uncharted си беа средени, Crash Bandicoot исто така, остануваат само овие две. Односно повеќе останува само The Last of Us. Иако The Last of Us доби Remaster, сепак сите сега сакаат повеќе да се фокусираат нивните врвни игри да дојдат на PlayStation 5. Супер пример за ова е The Witcher 3 што премногу пати е одложувана за New-Gen конзоли.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.