Marvel’s Spider-Man 2 е најбрзо продаваната PlayStation ексклузива

Најновата ексклузива на PlayStation навистина ги освои срцата на гејмерите и критичарите низ светот, но нешто дополнително, Marvel’s Spider-Man 2 може да се пофали и со импресивен комерцијален успех кој што ја направи играта да е најбрзо продаваната PlayStation ексклузива во историјата!

Sony Interactive Entertainment и Insomniac Games се пофалија со продажните резултати на ексклузивата за PlayStation 5, откривајќи дека успеала да достигне 2,5 милиони продадени копии во текот на првите 24 часа, што, како што веќе споменав, го прави најбрзо продаваниот ексклузивен наслов за PlayStation на сите време.

Овој рекорд претходно го држеше God of War Ragnarok, кој успеа да достигне бројка од 5,1 милиони продадени примероци во текот на првата недела, но голема е веројатноста Marvel’s Spider-Man 2 да го надмине и на неделно ниво.

МАРКЕТИНГ

The Legend of Zelda: Ocarina of Time е најбрзопродаваната игра за Switch 2 досега. Во средата, „Нинтендо“ објави дека римејкот на класиката од 1998 година се продал во повеќе од 5,2 милиони примероци ширум светот во првите четири дена од продажбата – „најголемата глобална продажба во првите четири дена за која било игра за Nintendo Switch 2 издадена од „Нинтендо“.

Ова исто така значи дека Ocarina of Time веројатно веќе е втората најпродавана игра за Switch 2 воопшто. Mario Kart World е продадена во повеќе од 16 милиони примероци, но според најновите финансиски податоци на „Нинтендо“, нејзиниот втор најпродаван наслов до крајот на септември беше Donkey Kong Bananza, со 5,05 милиони продадени примероци.

„Нинтендо“ објавува податоци за продажбата само за сопствените наслови; можно е игра од независен издавач да има продадено повеќе примероци од Ocarina и Bananza, иако е тешко да се замисли која би можела да биде тоа.

Сепак, Ocarina of Time засега е само вториот најголем хит на „Нинтендо“ во 2026 година. Tomodachi Life, за оригиналниот Switch, засега останува на првото место со неверојатни 8,8 милиони продадени примероци. И покрај тоа, Ocarina веројатно ќе ја надмине пред крајот на годината.

По донекаде контроверзното претставување, поради нејзиниот радикално поинаков уметнички стил, Ocarina of Time наиде на широко распространети позитивни критики и изгледа како сериозен кандидат за награди.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!