Call of Duty слави 20 Години

На овој ден пред 20 години легендите од Infinity Ward на светот му ја претставија една од најдобрите пукачки игри некогаш направени – Call of Duty. Во тој момент беа составен од тим од само 21 вработен во студиото. Од денес ако убрзаме точно 20 години ќе видиме дека франшизата е преполна со наслови, поттикнати од базата на фанови која брои стотици милиони и развиена од тимови кои сега ги има илјадници.

Денес е дваесетгодишнината на Call of Duty и каква пресвртница е тоа. Може да се каже дека Call of Duty е единствената најпрепознатлива франшиза на игри во светот. Фрнашизата е титан на индустријата што може да привлече милијарди долари во приходи секоја година. Од 2003 година, серијата продаде повеќе од половина милијарда копии и собра повеќе месечни активни корисници од која било друга франшиза на пазарот.

Од огромниот успех на Call of Duty Warzone до стотиците милиони на COD Mobile, и сè попопуларната заедница за е-спорт до разновидна сцена за создавање содржини, Call of Duty е монументална франшиза со многу вредни гранки кои се чини дека никогаш не престануваат да растат.

Во последните дваесет години, игрите на Call of Duty не однесоа од Втората светска војна во далечната иднина. Од фамозната реченица “Boots-on-the-Ground“, традиционална борба, до битни со футуристички оружја и останати чуда. Тоа е серија што привлече славни личности кои што исто така инвестираа многу пари во франшизата едноставно на некаков начин да се појават во нивната омилена игра.

За жал сите знаеме дека Call of Duty овие 20 години не беше на врвот цело време, секогаш имаше големи падини. Имаше некои одлуки засновани на развој кои предизвикаа загриженост кај обожавателите ширум светот, и тоа долго време беше извор на тековната дебата во врска со темите на расизмот, сексизмот и токсичноста што неконтролираа во основната заедница на серијата. Исто така трејлерот за Call of Duty Advanced Warfare се уште е едно од видеата на YouTube со најмногу Дислајкови, иако за жал веќе не можеме да ги видиме. Повеќе на ова можете да видете во нашата емисија со Александар Крстиќ, човек кој што работеше на та игра.

Сè уште има очекувања дека има светла иднина за Call of Duty. За девелоперите, има многу потенцијал за серијата напред, и во овој момент, таа буквално може да оди каде што сака. Со секоја измината година, игрите се продаваат побрзо и со поголем жар, и покрај вообичаените поплаки кои се појавуваат на површина за одредени елементи на играта: движење, микротрансакции, асистенција со цел итн.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…