God of War Ragnarök доби NewGame+

Барате изговор да ја земте во раце Leviathan Axe за уште една авантура? Почнувајќи од денес, има ново ажурирање за God of War Ragnarök со многу нови содржини, сите изградени околу робусниот режим New Game Plus.

Новата NewGame+ се отвора за секој што ја победил играта, а целата ваша опрема и вештини ќе дојдат заедно како што сте ги оставиле во вашиот последен SAVE. Исто така, имате пристап до сите оружја, вклучувајќи го и Draupnir Spear од самиот почеток. Сепак, треба да се забележи дека областите за кои е потребно тоа копје за пристап ќе останат затворени додека не стигнете до соодветната точка во приказната. Од слични причини, нема да ја започнете вашата нова игра со стрелите Sonic или Hex.

Се појавуваат неколку нови оклопи и сетови за армори. Најинтересен е Спартанскиот оклоп, кој потсетува на изгледот на Кратос од старите денови во грчкиот Пантеон. Додека го носите, немате поволности, нема статистика и е заклучен на ниво 1 – очекувајте предизвик. NG+, исто така, располага со нов Level Cap, Enchantments и Progression Paths за подобрување на вашите способности. Играчите можат да се справат и со проширената верзија на Niflheim Арената, каде што играте како Кратос или Атреус и со себе носите различни придружници за да ви помогнат.

Помеѓу неколкуте други дополнувања и подобрувања, играчите можат да го преземат и режимот за црно-бело рендерирање за повеќе филмски игра. Дали некој ќе игра BW верзија од Ragnarök? 99.9% Не…

God of War Ragnarök беше објавена минатиот ноември за PlayStation 5 и PlayStation 4. Целосните детали за новопристигнатата содржина можете да ги прочитате на блогот на PlayStation.

МАРКЕТИНГ

Alcon Entertainment, компанијата што ги поседува правата за франшизата Blade Runner, потврди во неодамнешно интервју дека разговарала за создавање ААА-видеоигра базирана на популарниот научнофантастичен серијал. Ова е возбудлив развој за Blade Runner, кој досега не успеа целосно да се наметне во светот на видеоигрите, и покрај големото влијание што неговиот визуелен стил и наративните теми го имаа врз индустријата.

Што беше откриено за ААА-видеоиграта од Blade Runner?

За плановите за ААА-игра од Blade Runner дознавме од неодамнешно интервју за IGN посветено на претстојната серија на Prime Video, Blade Runner 2099. Ендру Косов, ко-извршен директор на Alcon Entertainment и извршен продуцент на серијата, беше прашан дали компанијата разговарала со студија за видеоигри за создавање ААА-игра слична на Cyberpunk 2077, базирана на франшизата Blade Runner. Косов, наводно, одговорил потврдно, додавајќи дека би сакале играта да биде ААА-проект во кој интеракцијата на играчите со светот ќе има приоритет.

Косов не откри многу повеќе детали, а до ноември 2026 година не е официјално најавен таков проект. Затоа останува нејасно дали некое познато ААА-студио веќе работи на играта Blade Runner или проектот сè уште е во фаза на разговори и преговори. Сепак, би било одлично конечно да добиеме ваква игра, особено затоа што Blade Runner немаше многу среќа со видеоигрите во 2020-тите.

Најпознатата игра од Blade Runner беше 3Д-авантуристичка point-and-click игра од 1997 година, развиена од Wildwood Studios. Иако играчите ја прифатија добро, ремастерираното издание Enhanced Edition од 2022 година, на студиото Nightdive Studios, имаше проблематично лансирање, проследено со бројни графички проблеми какви што не се вообичаени кај ремастерите на студиото. Во 2023 година, Annapurna Interactive ја најави Blade Runner 2033: Labyrinth, но поголемиот дел од развојниот тим поднесе оставки и ја напушти компанијата во 2024 година. Се верува дека играта е откажана, бидејќи повеќе не е наведена ниту на Steam ниту на веб-страницата на Annapurna.

Се чини дека Alcon Entertainment ги оставила зад себе проблематичниот ремастер и Blade Runner 2033, а сега има амбиции франшизата да добие ААА-видеоигра. Останува само да почекаме и да видиме дали плановите ќе се реализираат, бидејќи секоја нова игра од Blade Runner за која допрва би било дадено зелено светло веројатно би била оддалечена уште неколку години од објавување.

Во меѓувреме, фановите на серијалот може да ја очекуваат Blade Runner 2099, која ќе биде објавена на Prime Video на 25 ноември.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!