Insomniac Games се пофалија со 10 Милиони продадени копии на Marvel’s Spider-Man 2

Insomniac Games објави дека Marvel’s Spider-Man 2 се продала во над 10 милиони копии од нејзиното објавување во октомври 2023 година.

„Ви благодариме за поддршката и што го овозможивте ова спектакуларно патување“, велат од студиото.

Покрај специфичните продажби на играта, целиот серија достигнал над 50 милиони продадени копии. Тоа се протега на три игри: Спајдермен, Мајлс Моралес и Спајдермен 2.

Во моментов, компанијата ја финализира работата на следното големо ажурирање на играта што ќе вклучува голем број ажурирања, вклучувајќи нови костуми и мошне очекуваниот режим на New Game+. Тоа ажурирање треба да пристигне на 7 март.

Marvel’s Spider-Man 2 е достапна ексклузивно за PlayStation 5, но ќе видиме кога би пристигнала и она на PC. Моментално корисниците на PlayStation Plus Premium, можат да ја играат бесплатено играта околу 2 часа за да видите дали сте спремни да ја купите.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Австралиското студио House House објасни зошто играта Big Walk нема да биде објавена за конзолите Xbox, наведувајќи дека одлуката е поврзана со поддршката на тековниот бојкот на Microsoft.

Big Walk беше објавена на 4 август и постигна голем успех, привлекувајќи голем број играчи на PC, PlayStation 5 и Nintendo Switch 2. Xbox остана единствената конзолна платформа на која играта не е достапна.

Сега е потврдено дека причината за отсуството на играта не е договор за ексклузивност, туку поддршката на House House за палестинското движење за бојкот, повлекување инвестиции и санкции (BDS), кое повикува на бојкот на Microsoft.

Big Walk го прескокнува Xbox поради движењето BDS

Во подолга објава на социјалните мрежи, House House призна дека одлуката ќе разочара дел од играчите, но истакна дека нема да ја промени својата позиција сè додека Microsoft и/или Xbox не бидат отстранети од листата на приоритетни цели за бојкот на BDS.

Во целосното соопштение на студиото се наведува:

„Во јуни 2026 година објавивме дека Big Walk ќе биде достапна само за компјутери, Switch 2 и PS5. Оттогаш добивме многу пораки и коментари со прашања за можноста играта во иднина да излезе и за Xbox. Би сакале да одговориме на тие прашања.

Донесовме одлука да не ја објавиме Big Walk за Xbox, во согласност со повикот на палестинското движење BDS (бојкот, повлекување инвестиции и санкции) за бојкот на Microsoft и со нивното прогласување на Microsoft Gaming и Xbox за приоритетни цели на бојкотот.

Отсекогаш сме сакале Big Walk да ја играат групи пријатели и знаеме дека со тоа што ја задржуваме играта надвор од Xbox, се оддалечуваме од таа цел. Оваа одлука значи дека некои луѓе нема да можат да играат Big Walk со своите пријатели, а ја разбираме разочараноста што ја предизвикуваме. И ние сме разочарани.

Би сакале луѓето да можат да ја играат играта на Xbox, но тоа нема да се случи сè додека Microsoft и/или Xbox не бидат отстранети од листата на цели за бојкот на BDS.

Оваа одлука ја донесовме верувајќи дека може да се постигнат значајни промени во светот, дека координираната колективна акција може да се спротивстави дури и на најмоќните интереси и дека еден ден Палестина ќе биде слободна.“

Студиото ги повика играчите да се информираат за причините поради кои Microsoft е цел на движењето BDS, како и за досегашните резултати од ваквиот вид притисок. Иако Big Walk нема да биде достапна за Xbox, играта може да се игра на компјутери со оперативниот систем Windows преку Steam.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!