Пристигнува Warcraft Mobile

Do You Guys Not Have Phones Part.2

Компанијата Blizzard официјално ќе ја прикаже својата нова мобилна игра која ќе е сместена во светот на Warcraft на 3ти мај, настанот ќе започне во 19:00

“The Warcraft universe continues to capture imaginations across the globe with enlightening experiences and immersive gameplay, that are the foundation for World of Warcraft and Hearthstone. We are happy to present a new mobile game for the heroes of Azeroth looking to play on the go, and we can’t wait to get it into your hands.”

Blizzard blog post

Нема дополнителни детали за што ќе биде играва освен датата и времето. Единствено што добиваме е некое ново и чудно лого кое што не сме го виделе до сега. Можеби големи Warcraft фанови знаат што е, но не ни е на нас познато. Лого со гром.

Не се знае ни што значи тоа за Warcraft Mobile како игра. Изгледа дека Blizzard сакаат нешто да кажат дека нема да е “World of Warcraft Mobile” туку ќе е само нешто сместено во светот на Warcraft. Warcraft, се разбира, започна како серијал на RTS, што доведе некои да веруваат дека мобилната игра на Warcraft може да се врати на корените на франшизата. Ќе дознаеме повеќе на 3ти мај.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Уште од Златната Доба на аркадните игри, Ранглистите за гејмерите се многу битна работа! Целта во играњето на аркадна игра во играчница, не беше само да ја завршиш играта со еден жетон од почеток до крај, туку беше уште побитно твоето име/прекар да биде на прво место кога играта ќе заврши (освен за Cadillacs and Dinosaurs, ја завршив со еден жетон и 2 животи фазла на крај).

И кога никој нема да ја игра аркадата, и гледаш на дното како трепка “Insert Coin“, тебе ти се праве ќеф кога ранглистата ќе се појави со твојто име на прво место…. Гордост заработена со 5 денари и забава, па другарите нека се мачат да те симнат од тронот.

Ранг листа од Ретро Игра

Аркадните ранглисти беа медиум за споредба на постигнувањата на еден гејмер со друг, без разлика дали е гејмерот е машко, женско, првооделенец, матурант, братучед на гости од друг град/село итн. Во тоа време имаше случаеви кога дојде некој братучед-на-некого од друг град/село, праве high score и си заминува оставаќи други смртници да се мачат да го симнат од 1во место.

Некој аркади можеше едноставно ги исклучиш од штек и се се рестартира (ама да не те виде бато/чичо Столе шо продава жетони…оти!)

Сите тие ранглисти еволуираа во Online Leaderboards, и тие моментално даваат подетална споредба на на гејмери во форма на достигнувања, трофеи или беџови. На времето, се знаеше одприлика колку време ќе ти треба и што треба да направиш за да бидеш на прво место на Sunset Riders; сега е мааалку потешко. Како?

Моментално, одредени трофеи бараат време (пари не, бидејќи си ја купил играта). За некој со послободно време (тинејџер, пример) многу побрзо ќе го добие трофејот во споредба со некој со помалку слободно време (Кога децата сакаат да гледат Бејби Шарк на Јутуб, пример). За овие ветераните малку ќе се помачат за Платинум трофеј.

Гејмер кој направил некој успех

Скоро половина од трофеите на некоја игра бараат да ја изиграш играта барем уште 3-4 пати, да фармаш 5-6 саати и да слушаш GG Подкаст во позадина итн. И тука се појавува една желба да ги споредуваш твоите трофејски постигнувања со тие на твоите пријатели. За мене, најубаво е кога се споредуват број на Платинум трофеи и другите соодветни achivements на други конзоли.

Тука не е важно колку време си ја играл играта и дали има поентира во играта, битно е дека си се посветил да ја изиграш играта комплетно, и си ги победил сите предизвици (без разлика дали си направил “повикај пријател“ или не, али за тоа у друга колумн).

Ранг листа од Ретро Игра

Бркање прво место на некој Online Leaderboards не е баш балансирано. Тука веќе родител-гејмер тешко дека ќе котира во спореба со некој ерген или тинејџер со повеќе слободно време. И гејмерите не треба да си ставаат на срце, и да се демотивираат, бидејќи не можат да рипнат погоре на листата. На таквите листи секогаш има некој шо имал можност да посвети повеќе време од тебе за да биде меѓу првите 5. И секогаш има некој што F1 ja игра со волан и педали, а ти со гејмпад, и трката баш и не е фер.

И секогаш ќе има некој што левелирал повисоко бидејќи имал време, ама ти тоа време си бил во кафана со другарите.

За да се сите овци на број, и сите да сме кефни кога се споредуваме, постои опција да се формират приватни групи. Така татковицте нека се договарат меѓу себе после 22 часот од кога ќе заспијат децата, па нека се рангираат меѓу себе колку сакаат, во било која игра; а тинеџерите и ергените нека играат како татковциte на времето – додека не те изгрее сонцето.

Важноста на Пријателите Гејмери

Friends Groups, што се создаваат приватно помеѓу другари од времето на Аркадите, или од времето на студентски денови коа се играше CS насекаде – се борба да се биде “голема риба во мало езерце“.

Тука немаш потреба да се натпреваруваш со некој што има на располагање цела вечер за гејмање, туку се натпреваруваш со колегите од работа, колегите од факултет … и сите меѓусебе знаете кој колку слободно време има за гejмање. А и комуницирате аудио цело време, така да “Бастинг Болс” станува терапија и зајакнување на пријателство.

На тие членови во групите мнооогу поважно и е како рангираат во нивната група во одредена игра, одколку како рангираат на светско ниво. Тоа е исто како на времето кога се знаеше кој ги крше сите на Табла (со зарови) пред зграда цело лето; и кој само прави “хант“ на сите партии … и сите тогашни гејмери (да, и таблашите и ханташите се гејмери) упорно играа за да го симнат Трајче од тронот на “локален таблаш“ шо се прче пред сите.

Пријатели Гејмери

Али колку и се прче некој дека е набољи у Табла, или во денешно време во Group List, сите заедно создаваат една прекрасна средина за социјализирање, со спомени што остануваат “од сад, па наље, и будуче“.

Заклучок

Рангирањето треба да се гледа како поттик да станете подобри во играта, а со тоа во позадина да научете животна лекција како да “буткате напред“. Како треба да се потрудите малку повеќе за да ја постигнете целта.
Да, бидете први на ранглистата, и ќе го имате секое право да кажете дека сте најдобар во таа игра, ама секогаш ќе има некој што ќе ви дише во врат за да ве симне од тронот. И тука имате ситуација кога бројот 1 се обидува да остане на врвот, и гладни гејмери кои го сакаат тоа место.