Ubisoft случајно ја најавија The Division 3

Креативниот директор на Star Wars Outlaws ќе ги преземе главната позиција за правење на The Division следната година

Креативниот директор на Star Wars Outlaws, Julian Gerighty, ќе добие нова улога во Ubisoft штом ќе заврши изработката на играта и кога ќе биде издадена самата игра Star Wars Outlaws. Gerighty во Ubisoft ќе ја добие главната улога на личноста која што ќе ги води тимовите кои што работат на сите Tom Clancy’s The Division игри. Тоа вклучува надзор на сите игри со брендови на The Division, The Division 2, The Division Heartland, мобилна игра The Division Resurgence и сега официјално по ново, и по грешка најавена… The Division 3, што Ubisoft лежерно ја најви во соопштението за медиумите за новата позиција на Gerighty.

Star Wars Outlaws и The Division 2 во студиото Massive Entertainment „активно се гради тим“ за The Division 3 во моментов, се вели во соопштението за печатот. Што се однесува до тековниот проект на Gerighty, играта Star Wars Outlaws, Ubisoft вели дека на тој проект „останува целосно посветен“ на него и дека „ќе остане на проектот до лансирањето“ пред да ја започне својата нова улога.

Моментално, Division 3 е многу рано во развој, што помага да се објасни најавата со ниски информации – нема трејлер, па дури и концепт за споделување. Видовме слични вакви работи, рани најави за игри од други големи студија во последниве години. Blizzard, на пример, минатата година објави дека работи на сурвајвл игра без да и даде име и ништо друго. Претходните заслуги на Gerighty во Ubisoft ги вклучуваат другите главни игри на Division, како и игри од серијата Splinter Cell и Ghost Recon на игри со брендот Tom Clancy, The Crew и Watch Dogs. Тој е во компанијата 25 години, а последните 10 ги помина во Massive Entertainment. Човек со огромно искуство и кариера!

The Division и The Division 2 беа потег на Ubisoft да се бори против играта Destiny 2, со една многу добра тематика која што се случува во бликс иднина по избувнување на страшен вирус. Првата игра на Division помина многу добро, гејмерите добија нешто многу ново и уникатно и уживаа во играта и таа црна тематика што ја носеше самата игра. Подоцна кога дојде The Division 2, за жал бројките не беа на тоа ниво и фановите не се вратија во продолжението до тоа ниво, за жал… Сега треба да видиме што ќе се случи со The Division 3.

Веројатно ќе помине некое време пред да слушнеме нешто значајно за The Division 3, бидејќи Massive дури сега го регрутира тимот за играта, а Gerighty нема да го промени фокусот дури по објавувањето на Star Wars Outlaws. Тоа би требало да се случи некаде следната година…

МАРКЕТИНГ

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…