Првиот гејмплеј за фамозната Dragon’s Dogma 2

Продолжението на култниот акционен RPG хит Dragon’s Dogma доби прв официјалн долг гејмплеј кој што беше прикажан на Tokyo Game Show 2023. Погледот на Dragon’s Dogma 2 со креативниот директор на играта Hideaki Itsuno опфаќа некои клучни концепти на играта. Ги опишува четирите почетни класи и покажува борба и истражување, што е очигледно четири пати поголемо од првата игра. Овде навистина ќе има и што да се види и што да се тепа!

Помеѓу прикажаните новитети се аспектите на циклусот ден-ноќ, патување меѓу градови преку количка со волови и новата нација Battahl. Особено Battahl нуди многу нови глетки за серијалот, бидејќи тоа е сушна, карпеста земја чиј главен град се наоѓа во пустински пукнатини далеку од жешкото сонце.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…