Star Wars Jedi 3 е Официјално Потврдена

По успесите на Star Wars Jedi: Fallen Order од 2019 година и нејзиното продолжение од 2023 година, Star Wars Jedi: Survivor, денес дознавме дека официјално се работи на нова, трета игра во серијалот! Вестите не доаѓаат од девелоперите Respawn Entertainment или издавачот EA, туку Cameron Monaghan, актерот зад Cal Kestis, главниот лик на серијата. Иако ова беше потврдено од актерот, сепак и он сам си се дополни со реченицата дека е нормално дека ќе имало и трет дел бидејќи игрите правеле сериозни успеси на полето!

Вреди да се напомене дека ако развојот на трета игра започне оваа година, тогаш имаме добра визија за тоа кога би можела да излезе самата игра. Четири години ги делат објавувањата помеѓу Star Wars Jedi: Fallen Order и Star Wars Jedi: Survivor. Ако оваа временска линија за развој се повтори и нема причина да се очекува нешто поинаку, тогаш оваа трета игра ќе излезе во 2027 година…

Ако се случи ова, тоа треба да биде игра за PC, PS5 и Xbox Series X|S. И има голема шанса да е меѓу последните игри за овие геранции.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…