Counter-Strike 2 пристигнува оваа среда! Можеби?

Counter-Strike 2 навидум ќе излезе многу, многу наскоро! Valve е една од најпочитуваните компании за видео игри. Тие се најпознати по создавањето на Steam, водечкот сервис за купување и симнување игри на PC веќе многу години. Платформата сега е стара 20 години и стана уште попопуларна во последната година благодарение на објавувањето на Steam Deck, прилично моќен хендхелд уред за игри што им овозможува на луѓето да преземаат некои од најдобрите AAA игри и да ги играат во движње (или лежечка позиција, кој како сака нормално). Ако активно играте на PC, тоа е уште подобро бидејќи играчите можат да го продолжат својот напредок од PC на Steam Deck. Тие се исто така се виновниците за најдобрите игри од порано како например Half-Life 2, Counter-Strike, Portal 2, Left 4 Dead и многу повеќе. За жал, Valve веќе не прави премногу големи нови игри…

Valve неодамна ги изненади фановите со објавување на Counter-Strike 2, игра која прилично драматично ќе го подобри Counter-Strike искуството. Фановите ја играа играта на различни тест мапи и опции ова лето со ветувања од Valve дека сите ќе можат да ја играат пред да заврши летото. За жал, летото официјално заврши и нема соодветна најава за датумот на издавање. Сепак, звучи како Valve да го закачи изданието следната недела. Официјалниот профил на Counter-Strike ги праша фановите што прават следната среда, што се чини дека сугерира дека изданието за играта ќе биде тој ден или во најмала рака, соодветно ажурирање за датумот на објавување.

Би било логично Valve да ја издаде играта без поголем маркетинг, бидејќи се очекува Counter-Strike 2 да биде бесплатна за играње, за да не мора да им ја „продава“ играта на луѓето. Во секој случај, веројатно можеме да очекуваме некои големи вести за играта многу наскоро. Counter-Strike 2, исто така, се очекува да го замени Counter-Strike: Global Offensive, игра која е една од најголемите наслови на Steam веќе околу една деценија. Дали неговото продолжение ќе дојде на конзолите или не, останува да видиме.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN