Првиот DLC контент на Atomic Heart

Atomic Heart доби трејлер за својот прв DLC контент. Atomic Heart е еден од хитовите на 2023 година кој што многумина го преспаа некако, и го игнорираа, но имаше голем импулс во неговото објавување. Некако играта беше ставена во сенка од други игри како Hogwarts Legacy. Како и да е, фановите се чинеше дека уживаат во играта поради нејзината естетика, но беа особено критични за работи како што е дијалогот кој беше малку препотентен. Сепак играта беше толку успешна што ќе добие втор ‘ветер во грб’ подоцна оваа година бидејќи тимот зад играта сега се движи кон DLC контент што треба да привлече играчи, односно да проба да врати голем дел од играчите, и да донесе нови играчи што не ја играа играта порано годинава.

Atomic Heart доби краток тизер за својот прв DLC контент, кој се чини дека е неименуван во моментов. Покажува многу елабориран и чуден објект што изгледа како нешто од приказната на Dr. Seuss. Во секој случај, не знаеме многу повеќе за ова DLC. Веројатно значи дека ќе добиеме уште неколку тизери пред последниот трејлер во наредните недели. Во секој случај, се надевам дека нема да помине долго пред да се вратам во овој свет!

МАРКЕТИНГ

Само неколку месеци откако беше назначена за прв оперативен директор во историјата на Xbox, Хелен Чијанг ја напушти компанијата. Нејзиното заминување дополнително покажува колку бурна беше 2026 година за раководството на Xbox, додека компанијата постојано се обидува да се трансформира пред почетокот на следната генерација конзоли.

Кој директор штотуку го напушти Xbox?

Во објавата „Resetting Xbox“ од јули 2026 година, во која беа најавени 3.200 отпуштања, новата извршна директорка на Xbox, Аша Шарма, откри и дека Хелен Чијанг, дотогашна раководителка на студиото Mojang, кое стои зад Minecraft, ќе стане оперативна директорка на Xbox. Чијанг доби „целосна одговорност за добивката и загубата во сите области — содржини, хардвер, платформа и услуги“. Шарма тогаш изјави дека Чијанг „ќе ги обедини нашите бизниси во рамките на еден оперативен модел, осигурувајќи се дека носиме јасни инвестициски одлуки, учиме од успесите и неуспесите и преземаме одговорност за резултатите“.

Сега, нешто повеќе од три месеци по таа објава, The Verge известува дека Хелен Чијанг го напушта Xbox. Во краток интерен меморандум до развивачите на Xbox, Шарма го потврди нејзиното заминување, велејќи дека е „благодарна за годините што ги посвети на компанијата“ и дека Xbox „ќе сподели повеќе информации за раководството на позицијата оперативен директор откако ќе бидат финализирани плановите“. Xbox јавно не го истакна нејзиното заминување на ист начин како што го објави заминувањето на Фил Спенсер. Потпретседателката за комуникации, Кари Перез, за The Verge изјави: „Не коментираме за поединечни лични прашања“, додавајќи: „Благодарни сме за годините што Хелен ги посвети на компанијата и ѝ посакуваме сè најдобро“.

Аша Шарма ја презеде функцијата извршна директорка на Xbox во февруари, а оттогаш гејминг-гигантот направи многу промени. Компанијата отпушти илјадници развивачи, го реорганизира раководството со назначувања како она на Чијанг за оперативна директорка и на Метју Бол за директор за стратегија, повторно се насочи кон ексклузивни игри за своите конзоли и одвои или затвори студија како Double Fine, Compulsion Games, Undead Labs и Ninja Theory.

Се чини дека стратегијата на Xbox сè уште е во фаза на промени. Во февруари, Шарма во интервју за Windows Central ја даде својата позната изјава: „Планот е планот сè додека не престане да биде планот“. Без оглед на тоа каква ќе биде стратегијата на Xbox во иднина, Хелен Чијанг нема да биде дел од неа во улога на оперативна директорка. Времето ќе покаже кој, доколку воопшто има таков, ќе ја замени Чијанг како втор оперативен директор во историјата на Xbox.

Засега, Xbox има две игри од сопствените студија планирани за 2027 година: Fable и Clockwork Revolution. Исто така, се појавија извештаи дека во наредните месеци се очекуваат уште неколку бранови отпуштања и дека следната година Xbox би можел да објави преносен гејминг-уред поврзан со Project Helix.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!